КАРАНТИН ЗА ПРИЛЕП - бара прилепскиот градоначалник, Владата ќе ја чека препораката на Комисијата за коронавирусот
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2020
Прилепскиот градоначалник и лекар, Илија Јованоски, ќе бара карнтин за Прилеп, за да се ублажи лошата состојба во градот со коронавирусот.
„Последните 9 дена има 26 починати, само вчера имаше само шест починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето поаѓање на Инфективното одделение, упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе е вака, се спремаме за таканаречениот трет бран. Има место во болницата во Прилеп, има над 100 болнички кревети на располагање, а 50-тина болни користат дневна болница. Најголем број од пациентите се заразуваат од еден процент на граѓани кои не носат маски. Апелираме, ама одреден број на граѓаните не веруваат во нештото, не се придржуваат до протоколите. Ќе побарам до Централниот кризен штаб за Прилеп, мораме да имаме карантин, Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати“, изјави прилепскиот градоначалник Јованоски за Студио 10 на ТВ24.
Владиниот портпарол Душко Арсовски рече дека состојбата во Прилеп е навистина алармантна , но дека во петок ќе заседава Комисијата за заразни болести, која треба да донесе заклучоци и препораки за состојбата со коронавирусот, од кои ќе се раководи Владата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.