KAРАНТИНОТ ГО СЛАБЕЕ ИМУНИТЕТОТ: На постарите и на децата им треба движење
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Мај, 2020 07:05
Лекарите се согласни дека карантинот влијае на психо-физичката состојба на луѓето, а движењето и физичката активност им се најпотребни на постарите и на децата.
Дополнително, ограниченото движење поради коронавирусот во изминатиот период придонесе луѓето да бидат под стрес, со што слабее имунитетот.
„Секако дека целата ситуација влијае на организмот на секој човек. Физичка активност и движење им требаат на сите болни, но и на здравите луѓе. Периодов повеќето луѓе беа под стрес. Нормално дека пешачењето и чистиот воздух добро ќе им дојде на сите“, вели општ лекар.
Феризад Хаџиреџа, педијатар од Дебар вели дека на децата им се потребни прошетки во природа, но истото треба да го практикуваат и постарите кои се хронично болни, страдаат од срцеви болести, дијабетес и слично.
„Стресот си влијае на имунитетот, иако децата се мали и не ја разбираат целата ситуација, додека постарите чувствуваа страв, се плашеа дали некој е заразен или не. Децата во овој период не се мешаат многу, училиштата и градинките не работат, но родителите ги носат на езерото за да ги прошетаат. Бројот на пациенти е намален, така што во ординација доаѓаат по 15-20 пациенти дневно, а претходно доаѓаа по 40-60“, рече Хаџиреџа.
Од 18 март Македонија е во вонредна состојба и таа ќе трае до 30 мај.
Уставен суд деновиве времено ја „замрзна“ мерката за ограничување на движењето за малолетни лица и пензионери.
Судот ја „замрзна“ Уредбата на Владата за двете категории на граѓани кои ќе може да се движат како и останатите од 5 часот наутро до 19 попладне. За лицата до 18 години досега беше дозволено движење од 12 до 19 часот, а за лицата над 67 години од 5 до 12 часот.
Образложението од Уставниот суд е дека мнозинството на судии сметаа дека мерката е дискриминаторска за двете категории на граѓани.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





