Карате репрезентативците ги привршуваат подготовките за Европската Универзијада
Објавено во: Мои пари 21 Јули, 2022 12:33
Македонската универзитетска карате-репрезентација изминатава недела во хотелот „Макпетрол“ во Струга интензивно се подготвува за Европските универзитетски игри што ќе се одржат во Лоѓ, Полска, од 17 до 31 јули. На игрите се пријавени 5.000 студенти од 400 европски универзитети од 40 држави и тие ќе се натпреваруваат во 20 различни спортови, меѓу кои е и каратето.
- Многу сум задоволен од моментната форма на целиот тим. Се работи навистина сериозно и во Полска одиме да направиме успех. Имаме долга традиција и успешност од настапите на официјалните европски универзитетски првенства, светски универзитетски првенства и европски универзитетски игри. Имаме бројни медали кои нашите каратисти ги освојуваа ширум светот последните 20 години. Универзитетското карате е многу силно и квалитетно. На овие игри ќе има голем број пријавени учесници и во машка и во женска конкуренција. Речиси сите квалитетни спортисти и репрезентативци кои настапуваат за своите национални тимови се истовремено и студенти - вели Бошко Заборски, селектор на македонската универзитетска карате-репрезентација.
Во женска конкуренција за Полска ќе отпатуваат: Марија Петровска (-50 килограми), Симона Заборска (-55 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.), Моника Пендаровска (-61 кг.) и Ангела Мојсовска (-68 кг.). Во екипна конкуренција во борби ќе настапат:Симона Заборска (капитен), Ангела Мојсовска, Моника Пендаровска и Викторија Јовановска.
Давид Петков (-67 килограми), Петар Заборски (-75 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.), Глигор Петков (+84 кг.) и Димитар Илиевски (-84 кг.) ќе настапат во машка конкуренција. Сите тие ќе ја сочинуваат македонската екипа што ќе учествува во дисциплината кумите (борби).

Македонскиот тим што ќе отпатува во Полска е составен од спортисти што досега имаат остварено големи достигнувања. Симона Заборска во 2016 година стана сребрена медалистка на Светското универзитетско првенство во Брага, Шпанија, во категоријата под 55 килограми. Таа, исто така, е носител на сребрен медал и од последната Европска Универзијада што се одржа во Загреб. Петар Заборски во 2017 година во Куимбра, Португалија, беше европски универзитетски првак во категоријата под 75 килограми. Во Загреб, на последната одржана Универзијада во 2019 година тој освои сребро во екипна конкуренција во борби. Петар Спасеновски (-84 кг.), има бронзен медал од Универзијадата во Загреб и сребро од екипниот настап. Ангела Мојсовска е бронзена медалистка во категоријата под 68 килограми.

Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




