19 Декември, 2025
0.0838

Каратисти на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат на Светската Премиер-лига во Мароко

Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2025 15:54

Добивај вести на Viber

Рабат, главниот град на Мароко, ќе биде домаќин на четвртиот турнир од Светската 1 премиер-лига, а на него ќе учествуваат двајца членови на „Макпетрол“. Македонија ќе ја претставуваат репрезентативците Петар Спасеновски (-84 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг). Двајцата македонски каратисти се стандардни сениорски репрезентативци и моментно се најдобро рангирани на глобалната ранг-листа. Зад себе тие имаат повеќе европски и светски медали.

Каратистите на „Макпетрол“ се единствените што обезбедија норма да бидат учесници на најсилната светска карате лига. Тие се меѓу најдобрите Топ-32 каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација). Ова е главен критериум и предуслов за учество на Карате 1 Премиер лигата во Рабат, Мароко. Со најдобрите македонски каратисти и на овој светски натпревар ќе биде тренерот на „Макпетрол“, Петар Заборски. Поради повреда што ја санира, тој нема да учествува на завршниот турнир од лига-натпреварите за оваа година.

Натпреварите почнуваат во петок, 30 мај, а завршуваат в недела, на први јуни. На Премиер-лигата настапуваат Топ-32 најдобри натпреварувачи во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот ги продолжува борбите во четвртфиналето. Светската 1 Премиер карате лига е највисоко рангиран натпревар со најквалитетна конкуренција на каратисти. Во Мароко ќе учествуваат вкупно 373 елитни спортисти од 63 држави.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии