19 Декември, 2025
0.1667

Каратистите на „Макпетрол“ освоија 15 медали на купот на шампиони во Подгорица

Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2022 13:44

Добивај вести на Viber

Четири златни, шест сребрени и пет бронзени медали, односно вкупно 15 одличја освоија членовите на карате клубот „Макпетрол“ на купот на шампиони што викендов се одржа во Подгорица. На меѓународниот турнир во Црна Гора скопскиот тим замина со 13 спортисти кои што се натпреваруваа заедно со 626 претставници на 59 клубови од седум држави.

Со златни медали се закитија: Петар Заборски (-75 кг.), Ангела Мојсовска (+68 кг.), Петар Спасеновски (-87 кг.) и Глигор Петков (+84 кг.). Сребрени признанија освоија: Давид Петков (-67 кг.), Викторија Јовановска (сениорки -61 кг. и У21), Стефан Стојановиќ (опен категорија и У21), Јована Мицовска (-59 кг.) и Витомир Трајковски (У21 -84 кг.), кој исто така, освои бронза меѓу сениорите. На трето место се пласира и Данило Божовиќ (+76 кг.) додека Марија Петровска се закити со бронзен медал во сениорска конкуренција, но и во таа за помлади од 21 година.

- Овој турнир е втора контрола пред најзначајните натпревари што нè очекуваат на крајот од септември. Конкуренцијата беше извонредна, со многу квалитетни натпреварувачи од поголемиот број држави од Балканскиот регион. За да имаат што повеќе борби, помладите спортисти ги пријавивме и во конкуренција под 21 година и меѓу сениорите. Затоа одреден број имаат и по две освоени медали. Точно можевме да ги видиме сите предности, но и недостатоци што ги поправивме минатата недела и дел на којшто треба да работиме во следниов период. За сениорите, кои се студенти и членови на Универзитетската карате-репрезентација на Македонија, ова беше одлична контрола бидејќи на 25 септември заминуваат за Турција на Светските универзитетски игри во боречки спортови во Самсун. Спортистите во младинска конкуренција имаат изборен турнир за обезбедување репрезентативен статус за претстојното светско првенство - изјави Бошко Заборски, тренер на КК „Макпетрол“.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии