19 Декември, 2025
0.0381

KARIERA.mk – Македонска мрежа од над 700.000 луѓе

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2016 12:24

Добивај вести на Viber

Денеска и официјално е лансиран KARIERA.mk - новиот македонски сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување кој произлезе како резултат на заедничката соработка помеѓу тимови со над 10 годишно искуство во HR и IT индустријата.

KARIERA.mk ќе нуди преглед на актуелни огласи за работа во Македонија, достапни пракси, стипендии и останати можности за неформално образование со што цели да стане централно место кое ќе Ви помогне да напредувате во Вашиот професионален развој.

Исклучително сме горди што заедно со нашите партнери, некои од најголемите агенции за вработување во државава, обезбедивме сервис кој ќе им помогне на сите баратели на работа полесно да дојдат до посакуваното вработување а истовремено и што на компаниите им ја олеснуваме потрагата по соодветни профили за позициите за кои имаат потреба“ – вели Ѓорѓи Какашевски, еден од основачите на KARIERA.mk.

Секој кандидат ќе може да си креира свое професионално CV и со само еден клик на копчето “Аплицирај“ да се пријави како заинтересиран за определено работно место, пракса или стипендија.

Истовремено, KARIERA.mk ќе им овозможи на компаниите и агенциите за вработување да пребаруваат од достапната база на регистрирани апликанти и во согласност со нивниот профил да селектираат и понудат работа на оние кои се најсоодветни за определено работно место.

Огласите објавени на KARIERA.mk ќе бидат споделувани и преку Фејсбук страни кои вкупно имаат над 600.000 активни следбеници а ќе биде испраќан и таргетиран newsletter на преку 100.000 пријавени кандидати - што овој сервис несомнено го прави најголема македонса мрежа за вработување сочинета од преку 700.000 луѓе.


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии