Касами: Не баравме да се сликаме во Тирана, други тоа го злоупотребуваат и до денес

Објавено во: Македонија 25 Март, 2017
Да се употреби како алиби една декларација, со многу легитимни барања што се во рамките на Уставот на Македонија (и промените што се бараат со процедури кои се предвидени со Уставот и со законите на Македонија) – навистина не е чесно. Да се бара да се протестира против правата на сограѓаните со кои живееме, со кои мислиме да живееме во иднина, навистина е нечесно од тие политичари, кои се обидуваат да ги злоупотребат граѓаните за да ги заштитат нивните криминали, вели во интервју за Цивил медиа, Биљал Касами, претседател на Движењето Беса.
- Декларацијата е усогласена и подготвена тука во Скопје и објавена од седиштата на политичките партии – поддржувачки на декларацијата, тука во Скопје, на 7-ми јануари. Тоа во Тирана беше само едно, да речеме, барање од неколку политички лидери тука, коишто, иако ги сметаме за виновни, за ситуацијата во која се наоѓа Македонија, обидувајќи се да се исперат од корупција и злоупотреба на позицијата, се трудеа да најдат начини за, условно речено, да иницираат активности во кои ќе се фотографираме заедно. Значи, претседателот на Беса и претседателите на овие партии, за потоа, да ја направат нивната пропаганда дека еве, и тие се исти како нас, и дека нема потреба да барате нови политички алтернативи.
И, ние јавно сме се изјасниле дека виновници за состојбата, во која се наоѓа Македонија, колку што се ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер, толку е и раководството на Демократската унија за интеграција. И, сé додека тие не принесат веродостојни аргументи дека се на страната на решавањето на проблемот, а не на страната на продлабочување на кризата, ние не сме подготвени да прифатиме каква било иницијатива од нивна страна, затоа што сметаме дека сè уште работат за заштита на криминалците и корумпираните.
Затоа, Декларацијата или парадата што се случи во Тирана, беше некакво барање од политичките елити на кои им требаше една фотографија со претседателот или со Движењето Беса, за потоа да ја злоупотребат. И, тоа се виде кога подоцна се искористи како алиби од претседателот на државата и од ВМРО–ДПМНЕ.
За да ја разјаснам ситуацијата: Движењето Беса не побара, да речеме, таква декларација, ниту побара да се оди во Тирана. Движењето Беса не ги објави фотографиите кои денес кружат и кои се сметаат како причина претседателот на државата да биде на страната на продлабочувањето на кризата.
Вие знаете дека, пред да се оди во Тирана, албанските политички партии имаа средба тука во Скопје, во „Александар палас“. Од таа средба излезе една декларација за усогласување на ставовите. Потоа, и ние излеговме како Движење Беса со став, и кажавме: Секој став и секоја активност што ќе се преземе во интерес на барањата на Албанците на Македонија, ќе ја има поддршката на Движењето Беса, меѓутоа, не е потребно да се парадира на овој начин, не е потребно да се фотографираме, само за да ја измамиме јавноста. Но, се чини, ова му беше потребно некому и тоа се постигна, а денес го гледаме резултатот на еден таков ангажман, пред да се оцени содржината на декларацијата, чија содржина, ќе повторам, е со легитимни барања на Албанците во Македонија, за кои се бара остварување, врз основа на Уставот и според законите - вели Касами за Цивил медиа.
Тој оценува дека Македонија се наоѓа во тешка ситуација, во која сите државни институции се паднати, каде претседателот на државата, наместо да ја игра улогата што му ја одредиле граѓаните, покажува не само политичка пристрасност, туку се обидува да биде на страната на само една етничка заедница. Оценува дека меѓународниот фактор, со редовните посети на Македонија, се труди да придонесе за излез од кризата во која што се наоѓаме.
Можеби ќе ве интересира
АГЕЛЕР: Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон ЕУ зашто не сме членка на Унијата

ОБЈАВЕНИ КОНКУРСИТЕ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА СТУДИИ ВО СТРАНСТВО: Има повеќе измени и нови услови

ЌЕ СЕ НОСИ НОВ ЗАКОН ЗА ДА СЕ ЗАВРШИ АВТОПАТОТ ДО ОХРИД - надлежните најавуваат дека до крајот на следната година ќе биде комплетиран

„ДА БЕ, ЛЕПЕНКА МИ Е ДО ВИЛАТА НА ЗАЕВ, ТАМУ КАДЕ ШТО...“ - Апасиев жестоко возвраќа на наводите дека купува имот во Неа Флогита

„ЕВЕ ПО КОЈА МЕТОДОЛОГИЈА РАБОТЕШЕ СЈО И ОЈО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СВЕДОЦИ ЗА ЛАЖНИ СВЕДОЧЕЊА“: Груевски ја открива „шемата“

ЦЕЛА ГОДИНА АПАРАТОТ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА НЕ РАБОТИ: Пациентите мора да патуваат во другите градови
СКЛУЧИЛ ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА ПРОСТОРИИ ПО ДВОЈНО ПОВИСОКА ЦЕНА - нова пријава против Перпарим Бајрами, еве за што го гонат

ДУИ СЕ НАЛУТИ: Имало етничко исклучување во тајните служби

ПРЕМИЕРОТ СЕ ПОФАЛИ – ДОБИВМЕ ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛОН ЕВРА: Прочистувачи на воздух од германска компанија
