19 Декември, 2025
0.0667

Каско Green, нова понуда на Триглав Осигурување

Објавено во: Мои пари 05 Октомври, 2022 14:28

Добивај вести на Viber

Триглав Осигурување воведе на пазарот нова можност за клиентите на каско осигурување, Каско Green. Понудата им обезбедува 50% попуст на премијата за осигурување на клиентите, кои ќе склучат или обноват каско осигурување за своето електрично или хибридно возило.

Понудата Каско Green е наменета за клиентите од резидентниот и од корпоративниот сегмент и има важност до 31-ви март, 2023 година.

“Заштитата на животната средина е еден од најголемите предизвици на денешницата и бара посебно внимание и посветеност од сите нас. Во Триглав веруваме дека секој од нас може да придонесе кон позитивни промени и дека високата инволвираност е единствениот начин да обезбедиме сигурна иднина за нашите идни генерации. Тоа е нашата мисија и определба. Токму затоа, одржливиот развој е една од главните насоки во новелираната стратегија на групацијата. Не само во доменот на корпоративното управување, туку и во неговото инкорпорирање во развојот на продуктите, што како компанија ги нудиме на пазарот. Континуирано создаваме нови можности, преку кои ја наградуваме и мотивираме грижата за животната средина и кои придонесуваат кон одговорен однос кон неа. Таков е случајот со електричните заменски возила за нашите каско клиенти, што како асистентска услуга ja нудиме веќе неколку месеци. Каско Green е нова и воедно единствена можност на пазарот, која што на нашите клиенти, кои ќе обезбедат или обноват каско осигурување за своите електрични или хибридни возила, под одлични комерцијални услови им нуди комплетна заштита на нивното возило и на средината во која живееме. Одржливата ориентација се обидуваме да ја вградиме и во корпоративното управување и да придонесеме и самите кон заштитата на животната средина. Така, годинава голем дел од нашиот возен парк заменивме со електрични возила, а нашите вработени дополнително имаат можност да користат и електрични велосипеди и тротинети. Веруваме дека промената треба да започне од нас, затоа се грижиме за квалитетот на животот на нашите клиенти, за заштита на животната средина, за безбедната иднина на нашите деца”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Повеќе информации за понудата на овој линк.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии