Касмаи: Груби и Рустеми направиле дела за Коридор 8 за кои најверојатно ќе одговараат
Објавено во: Македонија 10 Јули, 2024
Првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами, на ТВ21 изјави дека разговорите со компанијата „Бехтел и Енка“ одат во вистинска насока и дека очекува изградбата на Коридорот 8 да продолжи.
Градоначалникот на Тетово смета дека актуелниот министер за транспорт и врски , Александар Николовски, и директорот на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски, ќе дадат дополнителни информации за овој проект, а во меѓувреме нагласи дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми веројатно ќе бидат повикани на одговорност за дејствијата поврзани со овој проект.
„И во однос на Коридорот 8 гарантираме дека сите разговори со Бехтел и Енка одат во насока на решавање на сите проблеми, дека динамиката на реализација на работите на терен е според договореното, бидејќи она што претходно го кажавме, кога ја алармиравме јавноста, тоа сега го гледаме и секако и директорот и министерот наскоро ќе излезат со уште подетален извештај дека ДУИ на чело со Артан Грубин и директорот на претпријатието направиле работи за кои најверојатно ќе мора да одговараат“, изјави Касами во емисијата Дејли Клик.