18 Декември, 2025
0.0670

КАТАЛОНИЈА: Наскоро уште еден референдум за независност?

Објавено во: Свет 27 Септември, 2014 19:22

Добивај вести на Viber

Преседанот со референдум за независност, што го направи Шкотска, прва би можела да го следи Каталонија - богатата североисточна област, која сочинува 1/5 од шпанската економија, има посебен јазик и култура и долго се бори за независност. За разлика од жителите на Шкотска, кои избраа иднина како дел од Обединетото Кралство, анкетите покажуваат дека независноста на референдум би ја поддржале мнозинството од Каталонците. Претседателот на Каталонија Артур Мас денеска потпиша уредба за одржување на референдум за независност на 9 ноември, но властите во Мадрид ваквиот акт го оценуваат како незакнски. „Каталонија сака да зборува, сака да ја чујат. Сега е вистинското време и имаме правна рамка за тоа да го направиме“, рече Мас во својот говор на каталонски, шпански и англиски јазик. Мадрид најави дека ќе го блокира одржувањето на референдумот. Заменик-премиерот Сораја Саенз де Сантамарија рече дека шпанската влада ќе се состане в понеделник за формално да го забрани гласањето. Предлогот потоа ќе му биде предаден на одлучување на Уставниот суд, а гласањето ќе мора да се одложи до конечната пресуда, што би можело да трае со години. Централната влада тврди дека референдумот би го прекршил Уставот од 1978 година, со кој Шпанија премина од монархија во република. Политичките аналитичари проценуваат дека во случај на блокада на референдумот, каталонските власти би можеле да распишат предвремени избори и да ги искористат како изјаснување на каталонците за отцепување од Шпанија. Одбивањето на Мадрид да го прифати референдумот, предизвикува револт кај Каталонците, па дури и на оние кои поддржуваат останување во Шпанија.    

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина