06 Декември, 2025
0.0554

КАТАР ГИ ТРОШИ ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ: Каков притисок ги чека?

Објавено во: Финансии 23 Октомври, 2017 10:45

Добивај вести на Viber

Во Катар властите започнаа да ја трошат државната заштеда. 

Катар посегна по 20 милијарди долари од државната заштеда и со тие пари тамошните власти ќе ја спасуваат економијата која што започнува да чувствува се поголем притисок кој што е наметнат од Саудиска Арабија и сојузниците.

Катарскиот министер за финансии, Али Шареф Ал Емади, во разговор за „The Financial Times" изјави дека овие пари ќе бидат употребени како „тампон“ со цел да се осигура ликвидноста на банкарскиот систем, откако Катар загуби околу 30 милијарди долари во одлив на капитал.

„Тоа што го направивме е следново - зедовме пари од надвор и ги ставивме внатре“- истакна министерот. 

Рејтинг агенцијата „Moody's" тврди дека Катар досега во својата економија бил присилен да уфрли околу 38,5 милијарди долари од почетокот на кризата, а оваа седмица катарскиот емир изјави дека е подготвен на дијалог со цел решавање на кризата.

Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Египет и уште неколку други заливски земји летово ги прекинаа дипломатските односи со Катар и ја блокираа оваа земја од воздух, копно и море поради тоа што сметаат дека катарските власти финансирале терористи.

Саудиска Арабија со своите арапски сојузници бара доста работи да бидат исполнети од Доха, а некои од главните барања се: затворање на телевизијата Ал Џазеира, затворање на турската воена база и прекин на односите со Иран.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција