07 Октомври, 2024
0.0252

Катастарот продолжува со воведување нови системи

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Агенцијата за катастар на недвижности помогната од Светска банка продолжува со воведувањето нови системи со кои се зајакнуваат  капацитетите на Агенцијата, a со тоа се воведува ефикасно и економично работење и се подобруваат и услугите кон граѓаните и бизнис-заедницата.

Денес, по завршувањето на повеќемесечното тестирање, беше претставен новиот софтвер за интегрирано планирање на ресурси (Enterprise Resource Planning - ERP).

ЕРП е систем кој ги обединува внатрешните бизнис-процеси на Агенцијата, и тоа финансиите, човечките ресурси, набавките и основните средства. Овој систем за интегрирано планирање на ресурси ги стандардизира и ги поедноставува процедурите кои се одвиваат во секторите за финансии, човечки ресурси, аналитика и логистика и овозможува комплетна слика за менаџментот за состојбата со приливи и одливи и приходи и расходи, кадровските капацитети и нивната искористеност, динамиката на трошење на материјалните ресурси во магацинот на АКН и полесно планирање на потребните ресурси за наредниот период врз основа на релевантни и точни податоци.

Со овој интегриран систем се заменија 6 поранешни апликации со ограничени можности  кои се неповрзани меѓу себе, без можност за размена на податоци и информации. На постоечките податоци од старите системи им се подобри квалитетот, се изврши обединување, унификација и стандардизација во новиот ЕРП систем. Исто така, во ЕРП системот се внесени и податоците кои во последните 50 години беа водени во хартиена форма.

Системот ЕРП е поврзан со електронскиот катастар, со што се автоматизира пресметката на ефикасноста на вработените врз основа на остварениот учинок согласно со дејностите што ги извршуваат секојдневно.

Во ЕРП системот се опфатени следните модули:

  • Матични податоци
  • Сметководство и финансии
  • Материјална евиденција
  • Комерција
  • Човечки ресурси
  • Евиденција на работно време

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип