04 Декември, 2024
0.0260

КАТАСТРОФАЛНА ГОДИНА ЗА ПЧЕЛАРИТЕ: Ќе биде ли медот скапо задоволство?

Објавено во: Агробизнис 08 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Поради неповолните временски услови оваа година е катастрофална за пчеларите, а количините на мед по кошница ќе бидат многу мали.

Но, дали тоа ќе влијае на цената на медот? Нацо Јовчевски кој веќе 12 години се занимава со пчеларство и има 180 кошници со пчели на три локации под Пелистер, вели дека оваа состојба економски ќе ги погоди луѓето кои имаат пчели, но според него тоа нема да ја промени цената на медот. Објаснува дека поскапување на медот најверојатно нема да има, затоа што иако домашен мед ќе има малку, сепак на пазарот ќе доминира увезен мед.

„Ова ќе ги погоди пчеларите, ќе биде  тешко. За оние на кои им е основна дејност и треба од тоа да извадат плата, секако дека ќе има проблеми, а такви се 10% од пчеларите во битолско. Јас по кошница имам  во просек по  5-6-7 килограми мед, но има други пчелари кои се послаби од мене, со помалку мед. Има и такви кои нема ништо да извадат. И минатата година беше многу лоша. Од она што го знам од колеги во беровско, кичевско, ресенско, приносите се слаби“ – вели Јовчевски.

Тој објаснува дека оваа година проблем е тоа што на пролет имаше денови со доста ниски температури, а потоа имаше и денови каде нагло дојде до покачување на температурите.

„За да биде годината добра релативната влажност и температурите треба да бидат усогласени“ – додава Јовчевски.

Тој објаснува дека оваа година шумски  мед во земјава скоро и да нема, а ливадскиот ќе биде во многу мали количини.

Состојбата е иста и на истокот и на западот од земјата. Реколтата е слаба. Август е месец кога се сумираат резултатите за годината која изминала. Пчеларите деновиве побараа да се исплаќаат редовно субвенции затоа што се помалку луѓе се одлучуваат за пчеларство, односно да се помагаат со 600 денари за презимено пчелно семејство. 

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.