КАТАСТРОФАЛНИ ПОДАТОЦИ: Во јули скоро и да немало странски туристи
Објавено во: Економија, Корона Вирус 14 Септември, 2020
Во јули скоро и да немало странски туристи во земјава.
Поразителни се податоците од Државниот завод за статистика.
Во јули бројот на домашните туристи, во однос на јули лани е намален за 4,8 отсто, а на странските за 94,9 отсто.
Бројот на странските туристи во јули 2020 година е 4.991, наспроти 97.666 во истиот месец лани.
Домашни туристи, пак, имало 70.000, а лани во јули биле 74.196.
Вкупниот број на туристи во јули годинава изнесува 75.591, додека бројот на остварени ноќевања изнесувал 436.180. Притоа, бројот на сите туристи, во однос на јули минатата година е намален за 56 отсто, а на ноќевањата за 36,1 отсто.
Домашните туристи реализирале за 6,3 отсто помалку ноќевања, во однос на јули 2019 година, а странските туристи за дури 93,4 отсто помалку.
Оваа година поради пандемијата на коронавирусот Македонците претежно летуваа во Македонија.Оваа година туристичките резултати се лоши, а без приходи остануваат и туристичките водичи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.