Катимерини: 95 отсто од преговорите се комплетирани и остануваат неколку детали
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2018 16:54
Грција и поранешната југословенска Република Македонија се во трка со времето за завршување на преговорите околу името, со цел да се „фати” самитот на ЕУ на крајот на месецов, коментира весникот Катимерини.
Весникот пишува дека 95 отсто од преговорите се комплетирани и остануваат неколку, како што се вели, важни детали, пред да биде готов договорот. Доколку се се одвива според планот, договорот треба да се најде во македонскиот Парламент пред самитот на ЕУ, а на референдум најверојатно во септември.
Ако договорот „помине” во парламентот, како што се додава во текстот, тогаш Атина, како дел од договорот меѓу двете страни, ќе испрати писмо до ЕУ и до НАТО за да се деблокира земјава на патот кон двете организации.
„Грчкото писмо ќе се однесува на договореното име, Северна Република Македонија, Горна Република Македонија или некое трето име кое што ќе се договори. Ако договорот добие зелено светло на референдум во септември, тогаш ќе се отвори патот за ревизија на Уставот, клучното барање од Грција. Доколку, пак, референдумот не биде успешен, тогаш пропаѓа договорот меѓу Скопје и Атина”- наведува Катимерини.
Во текстот уште се додава дека премиерот Зоран Заев се соочува со политички разлики во Владата, но и дека политичкиот опстанок на Заев зависи од договорот кој треба да го отвори патот на земјата кон НАТО и кон преговори со ЕУ. Но, тоа во секој случај не е дефинитивно, бидејќи неколку земји членки се против натамошно проширување на Унијата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




