29 Мај, 2024
0.0242

„Катимерини“: Ако нема потребен цензус на референдумот, Заев ќе оди на избори

Објавено во: Балкан 07 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Годинава ќе заврши без да биде потребно грчката страна да направи апсолутно никаков чекор, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во анализата во пресрет на референдумот кај нас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот коментира дека „референдумот на 30 септември во ПЈРМ за одобрување (или не) на Договорот од Преспа, во Атина се следи со две основни сценарија. Во случај да биде отфрлен договорот, „Катимерини“ пишува дека „Зоран Заев не може да го направи следниот чекор и покрај фактот што референдумот има консултативен карактер“.

Второто сценарио што го анализира весникот е позитивен исход и одобрување на договорот, по што би следел процесот на уставна ревизија, „што може да трае и до три месеци“.

- Врз основа на досегашната негативна позиција на националистичката опозиција ВМРО-ДПМНЕ, не е веројатно дека успехот на референдумот ќе ги премисли пратениците од партијата за да одобрат промена на Уставот. Во овој случај, господинот Заев ќе ја одведе ПЈРМ на предвремени избори со цел да го зголеми парламентарното мнозинство и да го потисне ВМРО. На кусо, 2018 ќе замине без да биде потребно грчката страна да направи апсолутно ништо, пишува „Катимерини“.

Според весникот, меѓународните партнери на Атина, сметаат дека можните предвремени избори во Грција би можеле да го одведат договорот во ќорсокак.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПЛОЧКИ ЛЕТАЛЕ И ДО 80 МЕТРИ: Невреме во Хрватска, гром запали куќа

(ВИДЕО) ПЛОЧКИ ЛЕТАЛЕ И ДО 80 МЕТРИ: Невреме во Хрватска, гром запали куќа

МИЦОТАКИС ДО МИЦКОСКИ: Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа

МИЦОТАКИС ДО МИЦКОСКИ: Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа

ВУЧИЌ ЗА ГЛАСАЊЕТО ЗА СРЕБРЕНИЦА: Oсвен Македонија, го разочара и друга земја

ВУЧИЌ ЗА ГЛАСАЊЕТО ЗА СРЕБРЕНИЦА: Oсвен Македонија, го разочара и друга земја

БЕЛГРАД: Србин пред 8 години го закопал татка си во дворот за да продолжи да ја зема пензијата

БЕЛГРАД: Србин пред 8 години го закопал татка си во дворот за да продолжи да ја зема пензијата

ОД 1 ЈУНИ ПОД КАТАНЕЦ: Aлбанец ја купи куќата на убиениот Оливер Ивановиќ во Митровица

ОД 1 ЈУНИ ПОД КАТАНЕЦ: Aлбанец ја купи куќата на убиениот Оливер Ивановиќ во Митровица

И ВТОРИОТ НАПАЃАЧ ЗАД РЕШЕТКИ - се бара притвор за првиот уапсен за убиството на братот на вицепремиерот на Босна и Херцеговина

И ВТОРИОТ НАПАЃАЧ ЗАД РЕШЕТКИ - се бара притвор за првиот уапсен за убиството на братот на вицепремиерот на Босна и Херцеговина

УШТЕ ЕДЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Во „Вартекс“ се купуваа најскапите одела и капути, а сега оди во пропаст

УШТЕ ЕДЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Во „Вартекс“ се купуваа најскапите одела и капути, а сега оди во пропаст

ШЕШЕЉ ЗА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Таа ми е колешка по уставно право и исправно постапува

ШЕШЕЉ ЗА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Таа ми е колешка по уставно право и исправно постапува

ЖРТВА НА ХУЛИГАНИ ВО БЕЛГРАД: Го претепале до смрт братот на потпретседателот на Владата на Босна и Херцеговина

ЖРТВА НА ХУЛИГАНИ ВО БЕЛГРАД: Го претепале до смрт братот на потпретседателот на Владата на Босна и Херцеговина