„Катимерини“: Брисел разгледува три сценарија за Грција
Објавено во: Балкан 07 Јули, 2015 12:58
Брисел разгледува три можни сценарија за Грција по резултатите од референдумот во неделата, пишува весникот „Катимерини“. Прашањето сега е како да се ограничи штетата за еврозоната и да не бидат опфатени со слични проблеми и други држави како Шпанија.
Откако денеска шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја подотвори малку вратата за можностите, сега се чекаат и конкретни информации од претстојниот состанок на лидерите на земјите од Еврозоната.
Првото сценарио е поврзано со усвојувањето на нова програма за реформи во Грција, која ќе бара и ново дотурање на средства во економијата на земјата. Тоа несомнено е најскапата опција од трите, бидејќи бара покривање на некои дефицити во платниот биланс, враќање на домашното кредитирање и рекапитализаица на грчките банки. За да се случи тоа сепак се очекува Атина да понуди структурни промени не само во финансискиот систем, туку и во економијата и социјалните плаќања.
Второто сценарио вклучува воведување на паралелна валута во земјата. Предлогот е на германскиот министер за финансии Шојбле. Тоа значи дека во Грција ќе се појави нешто како хибрид во рамките на Еврогрупата. Воведувањето на драхмата паралелно со еврото сепак бара добро подмачкана државна машина и прекрасна техничка подготовка, што едвај постои сега во земјата.
Третото сценарио е контролиран банкрот и излез на Атина од еврозоната. Според извори кои сакаат да останат анонимни откриваат, мнозинството од највлијателните членови на Еврогрупата тежат кон оваа опција, а единствено Франција и Кипар засега се против. Тоа е и најевтиното сценарио за земјите од Еврозоната и за Европската централна банка.
Што ќе се реши, засега е тешко да се прогнозира. Првиот чекор кон некаков развој на ситуацијата сепак сега е поврзано со предлозите кои Алексис Ципрас ќе го однесе денес во Брисел.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




