Добивај вести на Viber
Грција ќе има потреба од дополнителна помош во вредност од 6,7 милијарди евра од 2014 до 2016 година, за да се справи со фискалните цели, предупреди во среда Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесува весникот „Катимерини".
Сумата е за 2,6 милијарди евра повеќе од предвиденото во договорот меѓу Атина и меѓународните кредитори, односно дополнителните напори на земјата за периодот 2015-2016 година.