26 Декември, 2024
0.0288

Катимерини објaви доверливи стенограми: Кој македонски политичар рекол или сега или никогаш?

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Под наслов „Доверливите стенограми од лидерите на ПЈРМ“, грчкиот весник „Катимерини“ денес објавува дијалози од лидерските средби во Македонија одржани на 27 јануари и на 19 мај годинава, пред потпишувањето на договорот со Грција.

Во неколку различни текстови, посветени на двете лидерски средби, „Катимерини“ детално ги пренесува ставовите на Ѓорѓе Иванов, Зоран Заев, Никола Димитров, Христијан Мицкоски, Бујар Османи, Талат Џафери, пренесува дописничката на МИА од Атина. 


На првата лидерска средба одржана на крајот на јануари годинава, според објавените дијалози од „Катимерини“, премиерот Заев на почетокот на состанокот вели дека е потребно решение, но не по секоја цена и дека „владата и опозицијата се согласуваат дека за било кое решение, потребен е референдум“, но и дека треба сите партии и претседателот да ја обединат мудроста за ефективно решение.

Димитров на присутните им доставил примероци од документите на Нимиц на англиски и на македонски јазик и ги информира за средбите со медијаторот во Брисел и Њујорк и коментира дека рамката на Нимиц остава простор за маневри и не е предлог што треба да се отфрли или прифати.

„Грците бараат името да биде еден збор (Севернамакедонија) или да се пишува со цртичка (Северна- Македонија). Не им се допадна членот 5 од нацртот за преведување на името. Сакаат името да биде исто на сите јазици, како и на македонски. Сакаат голем спектар на употреба. Споменаа иредентизам“- информира Димитров во однос на средбата во Њујорк и во продолжение на присутните им ја опишува ситуацијата во Грција дека Каменос според последните истражувања на јавното мислење се наоѓа на три отсто рејтинг, а Ципрас дека размислува да оди на избори доколку финансиската програма што завршува во август е успешна.

Каква ќе биде Грција по изборите, прашал Димитров?

„На власт ќе биде Кирјакос Мицотакис кој студираше на Запад. Треба да побрзаме. Додека се караме, за Грците работите стануваат полесни, објаснува Димитров и потенцира дека е важен ставот што ќе го заземе македонската страна во преговорите и доколку не постои решение, затоа што не треба во очите на другите да изгледаат неконструктивни.

Зоран Заев, според она што го објавува грчкиот весник, на присутните им говори за околностите и за тоа дека со текот на времето тие стануваат понеповолни за Македонија и вели дека „ако не најдеме сега решение ќе изгубиме 10 години“.

Детално информира за средбата со Ципрас во Давос, вели дека состанокот го договорила Могерини, целата била да се испрати позитивна порака до граѓаните на Македонија и Грција за да се создаде добра атмосфера.

„Предусловите се поволни, бидејќи во Грција на власт е левица. Ципрас се согласи со временскиот рок на Нимиц, но не се согласи со пишување на името на латиница. Предложи „Република Северна Македонија“ или „Горна Македонија“ според прототипите на Црна Гора или Белорусија“- објаснува Заев.

Во друг дел од состанокот, премиерот вели дека Ципрас го прашал дали е решен да стигне до крај, на што Заев одговорил дека „моментот е позитивен , но не по секоја цена“ и додава дека грчкиот премиер сака решение.

Со ист став дека Ципрас сака решение е и претседателот Иванов, кој вели дека „процесот е премногу сложен“.

„Ципрас е попозитивен од Папандреу. Сака решение. Не положи заклетва пред црквата, послободен е. Мерките за градење доверба вродија плод. Но, со поставување временски период со преамбициозни цели сме во опасност да предизвикаме големо разочарување“- вели Иванов.

Османи, според објавеното во „Катимерини“ смета дека нема да постои друга шанса освен сега во 2018, следната може да е за 10 години.

„Или сега или никогаш. Треба да одбереме една или две точки од предлогот на Нимиц од кои нема да отстапиме“- вели Османи.

Во продолжение разговорот се води околу преговарачот Васко Наумовски, во однос на неговото отсуство од состанокот и дали тој требало да биде присутен или не, но и дали треба или не тој да ги води преговорите или министерот за надворешни работи.

На состанокот, според „Катимерини“ разговараат и околу тоа дали ќе успеат да постигнат консензус и заеднички став.

Можеби ќе ве интересира

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?