Добивај вести на Viber
Катната гаража што се гради на улицата Даме Груев спроти полисицката станица Беко, ќе го носи името
Тодор Александров. Ваква предлог- одлука донесе Градот Скопје, која ќе биде ставена на дневен ред на седницата на градскиот Совет следниот понеделник. Од Градот Скопје образложуваат дека за ова име се одлучиле бидејќи Александорв е личност кој со својот револуционерен карактер придонел кон зачувување на Македонската револуционерна организација.
- Името на објектот Катна гаража се предлага поаѓајќи од фактот што Тодор Александров претставува личност која активно учествувала и придонела во Македонската револуционерна борба и со својот револуционерен карактер придонел кон зачувување на Македонската револуционерна организација. Со именувањето на објектот Катна гаража, Градот Скопје ја изразува својата почит во одбележувањето на личноста на Тодор Александров и неговата улога во Македонската револуционерна организација и го симболизира континуитетот на македонската борба за независност. На овој начин, со донесувањето на оваа одлука Градот Скопје ќе придонесе кон зачувување на споменот и значењето на ликот на Тодор Александров во историската борба за самостојност и сувереност на Република Македонија
, стои во образложението од Градот Скопје.
Привчно за изградбата на оваа катна гража градот имаше склучено договор со градежната компанија „Конструктор инжинеринг ДД Сплит“, која почна да ја гради во 2011 година. Подоцна Градот го раскина договорот бидејќи компанијата не ги исполни роковите за изградба.
Потоа Градот склучи договор со градежната компанија „Бетон“ АД Скопје, која сега ја гради гаражата. Токму поради ваквите случувања изградбата доцни, иако според првичните најави гаражата требаше да биде пуштена во употреба уште лани.
Катната гаража е во висина од 23 метри и да се состои од две подземни и седум надземни нивоа. Капацитетот за паркирање во нејзини рамки ќе изнесува 605 автомобили и 105 велосипеди. Покрај објектот, треба да се изведе и пристапна сообраќајница до планираниот простор за паркирање.
За изградбата на гаражата прво беа предвидени 14 милиони евра, а на почетокот на годинава градските власти склучија уште еден договор со Бетон во вредност од 1,1 милиони евра. Со годинешниот со ребалансот на градскиот буџет се зголемијаи парите за изградба на оваа катна гаража од 3,5 милиони евра, на нешто повеќе од 4 милиони евра.
Ј.С