Католиците празнуваат, вторник е неработен ден за нив
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2016
Празникот на сите светци, 1 ноември (вторник), е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
Ова го соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Уште 5 неработни празнични денови остануваат до крајот на годината. Ако се има в предвид дека католичкиот Божиќ се паѓа во недела, тогаш вкупно 4 дена граѓаните ќе можат да одмораат.
Само еден од овие денови е неработен за сите граѓани – 8 декември, вторник, ден кога се празнува Св. Климент Охридски.