06 Октомври, 2024
0.0704

Катругалос го искара Мицотакис: Му ја ослабна силата на Преспанскиот договор

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Јоргос Катругалос, поранешниот шеф на грчката дипломатија и алтернативен министер за надворешни работи на Грција во времето кога се потпиша Преспанскиот договор, го искритикува актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис дека дозволил оваа спогодба „да ја загуби својата сила“. 

Ваквата реакција доаѓа откако Мицотакис беше жесток критичар на спогодбата од Преспа додека Нова Демократија беше во опозиција, а сега Катругалос вели дека шефот на грчката влада не може ниту да притисне за одредбите за ревидирање на трговските марки и учебниците по историја. Актуелниот пратеник на СИРИЗА забележува доцнење во работата на овие две комисии. Катругалос го обвини и Никос Дендиас, министерот за надворешни работи, за „неактивност и хипокризија поради што се губи силата на договорот".

– Премиерот, за жал и на неговото патување во Америка продолжува со познатата тактика на двојазичност и не го користи дипломатскиот капитал што земјата го доби од Договорот од Преспа за да ги промовира нашите национални интереси. И сето ова, и покрај владините силењата и најавите, се забележува доцнење и во однос на работењето на комисијата за трговските ознаки и во однос на онаа за учебниците, вели Катругалос.

Инаку Мицотакис и македонскиот премиер Зоран Заев ја остварија својата прва средба вчера на маргините од Генералното собрание на ОН во Њујорк. Грчките медиуми пренесоа дека грчкиот премиер му посочил на Заев дека очекува побрза регулација на трговските марки во согласност со Преспанскиот договор, на што македонскиот премиер му одговорил дека Северна Македонија работи на тој план.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил