КАУФЛАНД ХРВАТСКА ГИ НАМАЛУВА ЦЕНИТЕ НА ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ПРОИЗВОДИ, А ЕВЕ ШТО ЌЕ НАПРАВИ КОНЗУМ: Хрватите денеска „казнуваат“ сè
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2025 11:05
Хрватите денеска
најригорозно бојкотираат против скапотијата. Освен што не пазарат во маркетите,
се воздржуваат „од какви било купувања“ во петок, што ги вклучува сите
продавници, трансакции со банки, телекомуникации, нарачки преку платформи за
испорака, кафулиња, ресторани, бензински пумпи и во аптеки.
Малопродажниот ланец Кауфланд Хрватска денеска најави намалување на редовните цени за повеќе од илјада производи што ќе започне на 5-ти февруари годинава.
Кауфланд, како што се наведува во соопштението, на своите клиенти им обезбедува повеќе од 1.800 производи по промотивни цени секоја недела.
Попустите започнуваат на 5-ти февруари
Дополнително, по трет пат за една година, почнувајќи од 5-ти февруари годинава, ги намалува цените на повеќе од 1.000 производи, кои повторно ќе им бидат достапни на купувачите по намалени редовни цени.
Ваквите попусти, како што наведува Кауфланд, се дел од нивните постојани напори основните намирници и производи да ги направат што подостапни за граѓаните по поприфатливи цени.
„Свесни за промените на пазарот и предизвиците за управување со буџетот на домаќинствата, Кауфланд се стреми да остане сигурен партнер во секојдневното купување со широк асортиман од просечни 19.000 производи кои ги задоволуваат различните потреби на потрошувачите“, нагласуваат од трговскиот синџир.
И малопродажниот синџир Конзум соопшти дека во соработка со хрватските добавувачи инвестирале дополнителни милион евра во намалување и заклучување на цените на 250 домашни производи кои не се вклучени во најавената владина одлука за ограничување на цените.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС
ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти
АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!





