Кажете „Здраво на здравите навики“ и учествувајте во детскиот ликовен конкурс на Ладна
Објавено во: Мои пари 13 Март, 2023 12:02
Добрите и здрави навики во исхраната се формираат уште од мали нозе, кога детските глави ги учат основите на она што е правилно и корисно за нив. Целта на овогодинешниот ликовен конкурс на Ладна е да ги поттикне малите уметници преку нивната креативност да ги опишат, создадат и да ги негуваат здравите навики во исхраната.
Креативниот слоган за конкурсот оваа година е „Здраво на здравите навики“, а темата е под наслов „Играта на овошјето и на зеленчукот“.
Како и изминатите години, конкурсот ќе биде поделен во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години; и 2) деца на возраст од 7 до 10 години. А што се однесува до цртежите, тука не постојати никакви ограничувања – тие можат да бидат во било која техника, форма и големина. Стручното жири ќе ги одбере трите најдобри дела во секоја од двете категории, а малите уметници кои се автори на овие дела ќе бидат наградени.
Награди:
Прво Место – двајца добитници на патување во Дизниленд, Париз со родители/старатели
Второ Место – двајца добитници на годишен курс за цртање
Трето Место – двајца добитници на таблет за цртање
Цртежите заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број на родителот/старателот) треба да се закачат на веб-страницата www.ladna.com.mk или да се испратат електронски на e-mail адресата marketing@magroni.com.mk со наслов „За ликовен конкурс на Ладна“ или по пошта на адреса ул.Столтенбергова бр.2 Скопје, со назнака „За ликовен конкурс на Ладна“, најдоцна до 10.5.2023. Задолжително чувајте ги оригиналните цртежи испратени по електронски пат.
Идејата која стои зад овогодинешната тема „Играта на овошјето и на зеленчукот“е да се поттикнат малите уметници на креативен начин да ги изразат здравите и корисни навики во исхраната кои ги практикуваат. Ајде и оваа година да покажеме дека детската креативност нема граници!
Испраќајте цртежи и следете ја Ладна на ladna.com.mk, Facebook/Ladna.mk и Instagram/Ladna.mk
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




