Казната за присуство на цивилни лица во Ковид центар не може да биде само разрешување, вели Беќаровски
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Септември, 2021
Доктор Нико Беќаровски порача дека казната за присуство на цивилни лица во Ковид центар не може да биде само разрешување на надлежните.
Ова тој го искоментира на Фејсбук.
„Континуирано присуство на ЦИВИЛНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ВНАТРЕ во Ковид центрите е СВЕСНО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ. За вакво злодело казната не може да биде само разрешување на надлежните во тетовската болница“, напиша Беќаровски.
Министерот за здравство, Венко Филипче на прес - конфереција изјави дека во тетовската модуларна болница која изгоре, и каде имаше 14 жртви, имало и придружници и дека тоа било тешко да се менаџира.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.