Казни до 600 евра за колење добиток без ветеринар?
Објавено во: Агробизнис
10 Март, 2016 10:32
Добивај вести на Viber
Граѓаните кои дома ќе колат свиња или теле без ветеринар, ризикуваат да платат казна од 300 до 600 евра.
Ако некој ве пријави за овој прекршок може да добиете казна од 300 евра, а за правно лице казната е 600 евра.
Во Агенцијата за храна велат дека согласно Законот за безбедностa на храната, колењето на животните надвор од кланица е дозволено само за домашна употреба, со претходно информирање на официјалниот ветеринар и со почитување на условите за благосостојба на животните. Задолжителен е преглед на месото по колењето од ветеринар.
Субвенции за свињи се даваат само ако свињата се заколе во кланица. Законот за безбедност на храна пропишува дека сите животни треба да се колат во кланица, а исклучок има само за месото за домашна употреба.
Надвор од кланиците секоја година се колат околу 5.000 говеда и 16.000 свињи, покажуваат статистиките.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?