Казни за извозникот и производителот на спорните краставици!
Објавено во: Агробизнис 13 Ноември, 2013 08:17
-Испитувањето на мострите од краставиците кои се вратија, не покажаа присуство на пестицидот, бидејќи тој се разградува за седум дена. Но анализите во Хрватска покажале зголемено присуство, бидејќи извозникот во обид да заработи и да не ја изгуби зделката не внимавал на пропишаните правила за употреба на пестицидот и постапил погрешно. Во краставиците пронајденото количество хлорпирифос е 10 пати поголемо од дозволеното. Инаку овој пестицид е на листаата на дозволени пестициди, но треба да се постапува според утврдените правила за употреба. За да не дојде повторно до ваква работа која може сериозно да нанесе штети врз трговските и економските ралации со земјите каде што извезуваме, ќе бараме да се спроведат казните, за и извозниците и производителите да се дисциплинираат, вели директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Румен Стаменов.Пратката уништена во Хрватска Од Агенцијата за храна и ветеринарство кои за случајот биле веднаш известени од Европскиот систем за брзо предупредување на Европската Унија, велат дека пратките биле уништени уште во Хрватска. Најавија дополнителна истрага. Едната пратка беше 8.615 килограми краставици од прва класа и а другата 25.510 килограми краставици од втора класа. И земјоделците се согласни дека треба да се винимва при употребата на пестициди.
- Секако дека ваквите состојби влијаат лошо врз нашиот извоз, ја губиме довербата кај земјите увозници. Но понекогаш тоа може да биде и трговска војна со валкање на името на одредена фирма или пак држава. Сите знаат дека во овој период ноември, декември, јануари и февруари не можат да се произведат краставици без пестициди, само треба да се внимава на употребата. Најбезбедно е да се користат пестициди со краток рок на каренца(период на разградување), бидејќи конкретно краставиците се берат два пати во неделата, атокму краставиците се најосетливи на болести. Но тие пестициди имаат друга проблем, не секој пат се ефикасни за одредени болести и имаат послабо дејство, вели Ристо Трпев, земјоделец од струмичко Ќе се контролира кој колку и со што ги прска овошките и зеленчукотОд земјоделскиот инспекторат најавија дека во следниве неколку месеци вршат интензивни контроли на терен кај производителите на зеленчук и овошје, и ќе се проверува со кои пестициди е прскано, во колкава количина и колку пати.
- На контролите подлежат и примарните земјоделци и земјоделските комбинати. Резултати ќе имам за три до четери месеци. Секој производител е должен да води евиденција кога прскал, со кој пестицид, во колкаво количество и колку пати. Евидентните листови се должни да ги чуваат пет години. Ова крајно е со цел да бидат заштитени крајните консументи на производите. Освен овие контроли, од годинава ќе се реализира и програмата за мониторгин, која што опфаќа земање на мостри за почеток од доматите и грозјето за да се утврди присуството на резидуи. И со оваа програма особено под лупа ќе биде ставено производството во големите оранжерии, но ќе биде спроведен и кај индивидуалните земјоделци. Подоцна ќе бидат опфатени и другите производи. На овој начин ќе спречиме да ни случуваат вакви работи како со краставиците, вели Стаменов.Во првата половина од годинава извозот на земјоделски производи изнесува околу 234 милиони евра, а проценките се дека до крајот на годинава извозот ќе биде над 400 милиони долари. Повеќе од половина од извозот е на наменет за пазарите во поранешните југословенски републики, а остатокот оди на европските пазари. Упатените предупредуаат дека ситуациите како последната со краставиците, може сериозно да влијаат врз извозот на градинарски производи, бидејќи се работи за стратешка извозна гранка. А кога е во прашање безбедноста на храната, европските служби и закони немаат милост. К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





