КБ Прво пензиско друштво АД Скопје прослави 10 години од постоењето
Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2015 12:54
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на 19.05.2015 (вторник) прослави значаен јубилеј-10 години од постоење на Друштвото. КБ Прво пензиско друштво е едно од пионерите во нашата држава кои од почетокот, директно и активно учествуваа во спроведувањето на една од најзначајните, најмакотрпните и најдолготрајните реформи што се реализирани во Република Македонија, реформата на пензискиот сиситем.
Друштвото е партнерство, и е создадено како резултат на амбицијата и претприемачкиот дух на ПРВА Групација од Љубљана Словенија и Комерцијална Банка АД Скопје. Друштвото вработува 30 високо-стручни професионалци и остварува стабилни резултати. Главната цел на Друштвото е да обезбеди услови за достојна пензија за членовите на пензиските фондови.
Друштвото успеа да ги постави темелите на една успешна приказна, која ветува дека ќе продолжи да ја гради и во иднина.
Друштвото управува со два фонда- КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд- Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд-Скопје.
Денес, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд-Скопје има над 200.013 членови и времено распределени лица1, кои што се сопственици на над 316 милиони евра2, додека во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд-Скопје има 12.778 членови3, кои што се сопственици на над 5 милиони евра4.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




