20 Декември, 2025
0.0521

КД Фондови со над милијарда денари актива

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2017 12:17

Добивај вести на Viber

Македонците сѐ повеќе вложуваат во инвестициски фондови, потврдуваат од Друштвото за управување КД Фондови, чија актива периодов достигна над 1 милијарда денари. Станува збор за средства кои клиентите ѝ ги довериле на оваа финансиска институција, за да во нивно име бидат пласирани во акции од профитални и реномирани компании, претежно интернационални.


Овој позитивен тренд на вложување во хартии од вредност се потврдува и од случувањата на македонската берза, каде последниве месеци има зголемен промет, а вредноста на акциите бележи раст. Тоа делумно е резултат на намалените каматни стапки на депозитите кои стануваат сѐ понеатрактивни за вложување, но и на зголемената информираност и позитивните првични искуства од вложувањето во фондови во земјава.

Според портфолио менаџерите во КД Фондови, луѓето сакаат да вложуваат во компании кои имаат стабилен раст на приходите од дејноста и соодветно на тоа и повисока реализирана добивка, кои дури и во услови на економска криза остваруваат солидни приноси. Повеќето се скептични на почетокот, но кога по извесен период ќе сфатат како се оплодуваат нивните средства, дека истите се сигурни и дека можат да се повлечат во секое време, тогаш се охрабруваат да вложат уште повеќе или пак да склучат договор за постепено вложување на подолгорочен период. Па така, луѓе од Македонија поседуваат акции од компании како Coca Cola, Apple, Google, Nike, BMW, McDonald's, Microsoft, Mercedes-Benz итн., благодарениe на вложувачките продукти на КД Фондови и насоките од стручниот тим.

КД Фондови АД Скопје, како дел од финансиска групација KD Group Ljubljana е основано од друштвото за управување со најдолга традиција на словенечкиот пазар и над 500 милиони евра под управување. Благодарение на македонското претставништво на оваа реномирана групација, веќе и македонските граѓани се во тек со светските трендови на колективно вложување и ги користат придобивките кои светските топ-бренд компании ги остваруваат за своите акционери.

Постапката за пристапување во инвестициски фонд е крајно едноставна, а по поднесувањето на потребната документација, уплатата на средства и следењето на состојбата на влогот може да се одвива по електронски пат, преку вашиот компјутер или паметен уред.

http://www.kdfondovi.mk/index.php?subpageid=2689

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии