Моментално влошената еконмска состојба на соседна Грција негативно ќе се одрази врз туризмот на нашиот јужен сосед.
Медиумите во регионот веќе објавија откажување и повлекување на веќе закажаните туристички аранжмани во Грција поради најавениот банкрот на таа земја.
Туристичките оператори пак велат дека Mакедонците засега не се откажале од веќе закажаниот летен одмор.
„Информацијата за затворените банки во соседна Грција е од вчера, така што уште немаме побарувања од нашите клиенти за откажување или пренасочување на летниот аранжман“, велат за Фактор од неколку туристички агенции, меѓу кои и Далас Унион и ЈК Травел.
Граѓаните пак по ова прашање се поделени.
Едни не гледаат причина зошто да се откажат од веќе закажниот одмор, и покрај најавените зголемувања на цените на прехранбените производи и пијалоци во Грција, додека други велат дека се предомислуваат и најверојатно Грција како дестинација годинава ќе ја избегнат.
Ако сепак се одлучите да патувате во Грција како турист тогаш носете си пари во кеш, за да не се случи некое неочекувано сценарио а и бидејќи грчките банки се затворени до 6 јуни.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/06/28/bankite-vo-grtsija-ostanuvaat-zatvoreni-tsela-nedela-tsipras-moli-za-ushte-pari/" target="blank" ]Банките во Грција остануваат затворени цела недела, Ципрас моли за уште пари![/button]
В
чера редици од граѓани се наредија пред грчките банкомати, откако премиерот Ципрас го најави референдумот за прифаќње или неприфаќање на мерките на штедење.
Неизвесноста се зголемува, а со тоа и Грците се повеќе мислат на своите заштеди. Само вчера, се претпоставува дека од банкоматите се извадени на 600 милиони евра, а тој тренд се очекува да продолжи.
Имено никој не очекува овој тренд на повлекување пари од банките да престане и во наредните денови.
Grexit ќе удри врз грбот на Македонија, Бугарија, Србија…
Стравувањата од зараза од Grexit (излегување на Грција од еврозоната) Се фокусирани на монетарната унија, но сличен негативен развој исто така може да ги загрози поранешните комунистички земји кои граничат со Медитеранската земја.
Изразувајќи загриженост за иднината на Грција во еврозоната, експертите од Capital Economics посочија претходно оваа недела дека т.н. гранични пазари (држави, кои се премногу мали од економска гледна точка, за да бидат дел од традиционалните пазари во развој), граничат со земјата на север се изложени на ризик, пишува CNBC.
Српскиот портал
travelmgazine.rs, пак наведува неколку клучни работи што би требало да ги имате во предвид пред да тргнете на одмор.
Крајниот рок за Грција, за исплата на ратата од кредитот е 30-ти јуни. Што ќе се случи во поглед на еврото, ако баш тогаш се најдете таму?
Почетокот на јули е навистина добро време за уживање на јонските острови, затоа што времето е добро, Медитеранот се затоплува, а сеуште ги нема августовските гужви. Иако, следните денови ќе бидат исклучително стресни за Грците, поголемиот број туристи тоа нема да го почувствуваат. Советот е да понесете доволно евра во готовина за да можете да ги платите вашите трошоци. Моментално нема никакви проблеми со користење на картичките на грчките банкомати. Но, во овој момент е ризично целосно да се потпрете на картичките, затоа што постои теоретска можност банкоматите да останат без готовина или да бидат исклучени. Дури и ако Грција официјално го напушти еврото, трговците и понатаму ќе го прифаќаат.
Ако некој планира со авион да оди на одмор, дали во случај на најлошото сценарио, авиокомпаниите може да одбијат да летаат поради загриженоста за горивото или надоместокот за услугите за контрола на летот?
Авиокомпаниите нема да ги укинат летовите, напротив, нив ги радува профитабилната летна сезона и летовите кон оваа земја. Во случај да дојде до недостиг на гориво, авиокомпаниите едноставно ќе се снабдуваат со потребната количина гориво за повратен лер. Имајќи во предвид колку многу Грција зависи од туризмот и колкава заработка има од летовите, многу малку е веројатно дека ситуацијата ќе влијае врз контролата на летањето.
Дали е паметно уште сега да резервирате сместување во Грција за наредната година или, сепак би требало да се почека следната година?
Би требало да се почека, затоа што доколку Грција го напушти еврото како валута, можно е цените на голем број производи и услуги да бидат пониски – некои економисти шпекулираат дека се можни дури 40 отсто девалвација. Тоа значи дека доколку сега се обврзете на некоја цена во евра, а Грција ја напушти еврозоната, тогаш ќе платите многу повеќе отколку што е потребно.