07 Октомври, 2024
0.0252

Ќе ја доживее ли “Турски поток” судбината на “Јужен поток”?

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Објавениот неодамна гасоводен проект "Турски поток", кој треба да испорачува во Европа руски природен гас преку Турција, започнува да потсетува за напуштениот прерано од Москва "Јужен поток", вели Михаил Крутихин, партнер во консултантската компанија Rusenergy, пренесуваат агенциите.

Без да има склучено договор со Турција, "Гаспром" најави во мај дека во почетокот на јуни почнува да вложува во цевките на трасата. Овој период мина, а изградбата не само што не започнала, но Турција има силни резерви кон конечен договор, тврди Крутихин, повикувајќи се на високи чиновници во Анкара. Тие се сомневаат дека рускиот гигант ќе побара право да го контролира турскиот дел од трасата, како и идниот дистрибутивен јазол на кој според замислата на Москва европските партнери ќе треба да изградат гасна инфраструктура.

Турците освен тоа стравуваат сериозно од најавеното од "Газпром" - да изгради таков центар не во Турција, а во соседна Грција. Затоа Анкара гледа на "Турски поток" како на руска уцена, на која едвај ќе падне, смета Крутихин.

Аргументите на Кремљ

Според него образложението на Кремљ за проектот е следно: Ние ќе потрошиме  40 милијарди долари и ќе изградиме гасовод на место каде нема никакви корисници, а Европејците ќе земаат оттаму гас и ќе го транспортираат каде си сакаат. Во меѓувреме ќе ја затвориме по најкратката и релативно евтина рута преку Украина. А Европејците ќе треба да си постават цевки од Турција или Грција до австрискиот гасен центар во Баумгартен.

Пропагандата на Кремљ веќе работи со западни медиуми, за да објасни дека ќе го прекине целосно транзитот на гас преку Украина во 2019 година и тогаш единствената алтернатива ќе остане "Турски поток", дополнува Крутихин.

Во исто време нема конечен договор меѓу Турција и Русија за проектот и тоа потсетува на судбината на "Јужен поток". Москва го обвини за неуспехот Европската комисијата и индиректно Вашингтон, но фактички тогаш самиот "Газпром" така и не поднесе во Брисел апликација проектот да добие статус на паневропската мрежа и затоа да биде исклучен од правилата на Третиот енергетски пакет.

"Ако тогаш добивме такво барање, ние ќе го разгледаме проектот и ќе  внесеме предлог за исклучок, како правиме со други слични проекти, вели анонимен извор од eврокомисијата пред Крутихин.

" Гаспром "сепак одбра да го заобиколи регулаторот на ЕУ и да склучува посебни договори со страните во идната траса. Сличен обид да се стави ЕК пред свршен факт немаше како да не заврши со неуспех. "

Криви сметки

Сметките на Кремљ за користа прво од "Јужен поток", а потоа и од "Турски поток" се базираат на тврдењето на "Газпром" дека ЕУ не може без руски гас. Неодамна потпретседателот на компанијата Александар Медведев изјави дека во 2025 година ЕУ ќе има дефицит на природен гас од 50 милијарди кубни метри.

Овие сметки може да се покажат далеку од реални по објавувањето минатата среда на BP Statistical Review. Цитираниот од Politico.eu извештај вели дека во 2014 година е регистрирано најголемо отстапување во историјата меѓу потрошувачката на гас во ЕУ и оценките за потребите од синото гориво.

Основна причина за намалување на потреба од природен гас е во постојано засилената употреба на обновливи извори на енергија и подобрената енергетска ефикасност.

Ова ќе биде и во иднина фокусот на ЕУ ", како подобруваме енергетска ефикасност и зголемуваме дела на обновливите извори на енергија во енергетскиот систем", вели комесарот за енергија Мигел.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип