05 Декември, 2025
0.0674

Ќе паѓаат цените на млекото и млечните производи!

Објавено во: Агробизнис 18 Јануари, 2015 09:14

Добивај вести на Viber

Дел од млекарниците ги намалија откупните цени на млекото, како последица на намалувањето на цените на млекото во Европската Унија, поради руско-европскиот спор. И оние млекарници кои досега не ја корегирале цената, најавуваат дека ќе ја намалат откупната цена, но дека корекцијата нема да биде драстична. Фармерите стравуваат дека со сегашните откупни цени производството ќе им биде нерентабилно и ќе бидат принудени да ги продадат кравите. Просечната откупна цена на млекото е околу 19 денари за литар, но дел од млекарниците го откупуваат и по 17 денари за литар. Деновиве фармерите од делчевските села излегоа на протести,  револтирани што тамошните откупувачи веќе три пати ја намалиле откупната цена но и количините за откуп. Прво млекото се откупувало по 22 денари за литар, за сега цената да се намали за 4 денари. Во делчевско три млекарници откупуваат млеко. -Нашето производство не трпи затворање на фармите, ние мора на тој добиток што го имаме да му дадеме храна, не можеме да импровизираме. Мислам дека проблемот е кај нас фармерите, ние никако не можеме да се здружиме, секаде во светото откупната цена ја формираат фармерите, само кај нас млекарниците. Со овие цени производството е нерентабилно, не може да се покријат трошоците, што ќе резултира со намалување на добиточниот фонд, вели Горан Вучковски, фармер од Делчево. Најмногу млеко во делчевско откупува “Млекара Делчево”. Од млекарницата потврдуваат дека ги намалиле откупните цени, бидејќи од една страна во Европската унија, цената на млекето се намалила, а од друга страна голем дел од европските млечни производи поради спорот со Русија, наместо на рускиот пазар завршиле на пазарите на Балканот, меѓу кои и Македонија, поради што домашните млекарници се соочиле со нелојална конкуренција. -Цените ги намаливме за да го одржиме прозводството на рентабилно ниво. Ако има скапа суровина, тогаш и крајниот производ ќе биде поскап. Во Европската унија се намалија цените, голем дел од европските млечни производи наманети за во Русија, поради спорот се пласираат на Балканот. Ние мора да бидеме пазарно ориентирани.Пазарната состојба во ЕУ е во надолна линија, и ќе мора да се прилагодиме. Намалување има и на малопродажните цени на млечните производи, што е резултат и на падот на цената на нафтата. И други млекраници ги намалија откупните цени. Од друга страна, кога ние откупувавем млеко по 21 денар за литар , другите млекарници го откупуваа по 17 денари, велат за Фактор од “Млекара Делчево”. За фармерите пак е нејасно како кога цената на млекото се намалува на европските пазари веднаш тоа се рефлектира и кај нас, што не е случај кога цената расте. -Ние не сме некој голем производител па се што се случува помеѓу Русија и Европа толку многу да влијае и кај нас. Зошто кога откупните цени во ЕУ беа високи, не се зголемија и нашите? Ако е така како што се збори дека производите наместо во Русија завршувале на Блаканот, тогаш зошто само малопродажната цена на млекото сеуште не е намалаена, реагираат фармерите. Агробизнисмените коментираат дека освен кај млекото, намалување на откупните цени се очекува и кај месото. Млечна криза нема да има, но ќе се намалат откупните и  малопродажните цени на млекото Дел од поголемите млекарници велат дека последиците од кризата предизвикана од спорот помеѓу Русија и Европа најмногу се почуствувале минатата година, и дека оваа година се очекува стабилизирање. Бизнисмените од млечниот бизнис посочуваат дека  нема опасност од нова млечна криза. Не ја исклучуваат можноста за намалување на откупните и малопродажните цени на млекото. -Најголемиот удар од руско-европскиот спор беше во 2014-та година, годинава се очекува стабилизирање. Секако дека мора да се прилагодиме кон случувањата во Европската унија, каде веќе има намалување на цените. Најверојатно и кај нас ќе има пад на цените, но тоа нема да биде драстично, денар до денар и половина, истото се однесува и за малопродажните цени и кај нив ќе има намалување, коментираат стопанствениците од млечниот бизнис. Статистика регистрира пад на откупот на млеко, бизнисмените тврдат дека нема намалување Според последните статистички податоци откупот на млеко во ноември 20104 година е за 45 проценти помалку во однос на ноември во 2013 година. Во ноември 2014 година се откупени 105.001 хектолитри млеко за кои откупувачите платиле 3,48 милиони евра. Во истиот месец 2013 година откупот изнесувал 190.605 хектолитри. Според официјалните податоци откупеното млеко за ноември лани е со просечна цена од 20,4 денари за литар. Тоа е 0,8 денари односно 4 отсто пониска просечна цена од остварената во номеври 2013 година. Приходот на млекопроизводителите во ноември 2013 година изнесувал 403,94 милиони денари. Приходот во ноември 2014 е понизок за 47 отсто. Бизнисмените од млечниот бизнис пак велат дека нема намалување на откупот. -Засега нема намалување на откупот. Млеко за откуп има, но секогаш може и повеќе да се произведе, бидејќи ние натаму сме увозно зависни од млеко и млечни производи. Статистика не ги земаат во предвид сите бројки од терен, немаат соработка со агенции кои вршат истражувања за количините на откуп, земаат податоци од одредени места, и затоа сметаме дека тие бројки и не се толку релевантни, нелогично е толку да бид енамален откупот, да беше така досега ќе реагираа и фармерите и ние млекарниците, коментираат бизнисмените. Субвенциите за млеко растат а добиточниот фонд се намалува Наспроти смирувачките изјави на бизнисмените, фармерите велат дека Македонија постојано е во млечна криза.Одгледувањето молзни крави, одамна не е исплатливо, коментираат фамерите. -Македонија и кога има вишок млеко и кога се соочува со недостиг е во млечна криза, ние постојано сме во млечна криза. Откупните цени се ниски, неисплатливи, на млекарниците повеќе им се исплаќа да увезуваат млеко. Со сегашните цени не може ниту основните трошоци да се покријат. Рентабилна откупна цена според пресметките е од 35 до 37 денари за литарСега нема доволно млеко, барем во скопскиот регион, затоа што поради ниските цени голем дел од сточарите ги продадоа кравите. Пред две години во овој регион години имаше 3.000 крави, сега има едвај 200 крави. Мене не ми требаат субвенции, туку добра откупна цена на производот, вели Вујадин Жигич, фармер од скопско Кадино. Годинава субвенците ќе се исплаќаат според квалитетот на млекото, преку подобрување на хиогиената во фармите. Според Стратегијата за подобрување на квалитетот на млекото, од годинава оние фармери што ќе произведат млеко со екстра квалитет ќе добијат субвенција во износ од 4 денари за литар, додека за млеко од трета класа фармерите ќе добијат субвенција од 2,3 денари за литар. -Јас сум за одржување на добра хигиена во фармите и за производство на квалитетно млеко. Висината на субвенциите во ред, но имаме чудна ситуација, субвенциите се зголемуваат а состојбата на терен не се подобрува, резултатите се поразителни. Добиточниот фонд постојано се намалува, фармерите ги продаваат кравите, за околу 70 проценти се намали го намалија добиточниот фонд оние кои имаат систем крава –теле. Ние веќе 30 години живееме од производство на млеко. Порано доаѓаа ни бараа крави, телиња да купат за да отворат фарма, но сега никој не купува добиток, туку го продава.  Целата состојба е поради тоа што се води лоша политика во земјоделството, вели фармерот Вучковски. Експертите очекуваат дека состојбите во млекопроизводството ќе се подобрат  особено со Стратегијата за подобрување и следење на квалитетот на, со која е предвидено окрупнување и зголемување на бројот на  грла, примена на добра земјоделска пракса односно превенција од маститис, подобрување на расниот состав, исхраната, заштитата. Основната цел на оваа стратегија е да се стумилира производството на квалитетно млеко кое ќе биде конкурентно на пазарот, а Македонија и понатаму останува увозно зависна од млеко и млечни производи. Само еден процент од фармите во земјава имаат повеќе од 50 грла. Годишната продукција на млеко во Македонија се движи од 2.800 до 3.000 литри од крава.Споредено со земјите од Европската унија каде што продукцијата е 7.000 до 8.000 литри млеко по крава, нашиот фармер со ваква млечност е далку од рентабилно производство. Бројот на говеда бележи намалување. Бројките од статистичката публикација покажуваат дека од 253.000 говеда во 2009 година, во 2013-та година бројката е намалена на 238.000 говеда. Според податоците од Стопанската комора на Македонија, земјава и натаму е нето увозник на млеко и млечни производи, главно од Словенија, Германија, Хрватска, Србија, Црна Гора, БиХ, Чешка, Бугарија, Грција, Франција, за што се одлеваат околу 30 милиони евра. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?