05 Декември, 2025
0.3363

Ќе се најде пласман за арпаџикот од Бразда

Објавено во: Агробизнис 02 Март, 2016 11:54

Добивај вести на Viber

Владата ќе помогне за наоѓање пласман за арпаџикот, кој се произведува во селото Бразда. За таа цел  формирање задруга ќе добијат земјоделците од скопското село Бразда и околните села во општина Чучер - Сандево. За добивање на потребната декларација и регистрација на семенскиот материјал, ќе следи формирање земјоделска задруга, која во првите години ќе биде финансиски поткрепена и поддржана од Владата. „За да може да се регистрира семето, за да можете нормално да продавате на пазар и да нема проблем ниту Инспекторатот кога ќе дојде да види дали се спроведува Законот за семе и саден материјал, за да нема казнување, ќе формираме земјоделска задруга„- кажа заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски. Покрај продажба на арпаџикот, земјоделците ќе може да земат и субвенции.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?