18 Декември, 2025
0.0477

Ќе се шокирате: Колку вреди еден работен час на македонски работник, а колку на Дански?

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2015 18:09

Добивај вести на Viber

Истражувањето колку во 2014 година по час изнесува работното време на работодавачите го спроведе Евростат. Просечен трошок за час работа на ниво на Европската унија е 24,60 евра а најниското е во Бугарија, дури 3,80 евра.

Просечен трошок на работен час во Хрватска лани изнесувал 9,40 евра или 71,70 куни, покажуваат најновите податоци на евростатичарите.

Хрватска по тоа се наоѓа во долниот дел на листата на ЕУ и значајно под просекот на нивото на Европската унија, кој во 2014 изнесувал (за нив недостижни) 24,60 евра на час. Повеќе или помалку ист трошок на ангажирање на работната сила по час како и Хрватска лани имале и Чешка и Словачка.

info-posao-xx_804165S0

Помали трошкови на работната сила од оние во Хрватска бил во Полска, Унгарија, Латвија и Литванија, Романија и Бугарија, земјата која со цена од работа за час од само 3,80 евра имала најниски трошоци за ангажирање на работна сила во ЕУ. Од друга страна највисока цена на час за работа во ЕУ минатата година имаше Данска, дури 40,30 евра, додека меѓу членките од зоната на еврото работата била најскапо платена во Белгија, 39,10 евра по час.

Македонија не се најде на оваа листа поради тоа што не е членка на Европската унија, но последните податоци за нашата земја покажуваат дека македонските работници се најконкурентни во Европа и работодавачите ги чинат најмалку пари.

Имено, газдите во Македонија плаќаат во просек 3,2 евра за час работа, додека како што споменавме на почетокот во Европа овој просек е 24.

Сепак најскапо платени се работниците на Норвешка кои добиваат по 48 евра на час.

Ќе ги покачи ли минималецот сите плати?

Според податоците на Државниот завод за статистика цените за труд кај нас бележат разлики во приватниот и во другите сектори.

Така на пример во приватниот сектор цената на работа за час  пониска и изнесува 181 денар или 2,94 евра, а во другите сектори чини 239 денари или 3,88 евра.

Синдикалците пак, децидни, сметаат дека преку  етапно зголемување на минималната плата ќе пораснат сите плати во земјава.

Инаку секој работодавач еден вработен секој месец го чини  33.107 денари, но разликите помеѓу секторите се големи.
Најголем месечен просек на издатоци има за работниците во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација - 67.748 денари за вработен, што е двојно повеќе од државниот просек. Во овој сектор саатницата изнесува 465 денари или 7,5 евра, односно приближно колку што е просечната саатница во Унгарија или Полска. Најниска цена на трудот е во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, каде што работникот го чини работодавачот 20.214 денари месечно, што е 50 отсто од просекот во земјава, а пак саатницата во овој сектор е најниска и изнесува 118 денари или 1,91 евро.

Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!