Ќе стартува примена на софтвер за откуп на земјоделски производи
Објавено во: Агробизнис 16 Јули, 2016 11:45
Догодина треба да започне примена на софтверот за откуп на земјоделски производи.
Ова го најави министерот за земјоделство, Михаил Цветков. Според него, решението е готово и дадено им е на увид на сите инволвирани страни за сугестии и предлози.
„Софтверското решение е готово. Ќе го добијат преработувачите, земјоделците и воопшто сите вклучени во процесот. Во наредниот период ќе чекам нивни сугестии. Со софтверското решение предвидено е да имаме целокупна евиденција на сите преработувачи кои се запишани во единствениот регистар на земјоделски производства и на сите земјоделци кои се запишани. Во секој момент ќе имаме информација колку е продадено, по која цена, колку е платено и дали е платено“ - објасни министерот Цветков.
Со ова картонските белешки ќе станат минато со примената на електронската евиденција, со која предвидена е и банкарска гаранција во преработувачката индустрија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





