19 Декември, 2025
0.0359

Кери повика виновниците за убиствата во Сребреница да понесат одговорност

Објавено во: Балкан 10 Јули, 2015 12:40

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20-годишнината од трагедијата во Сребреница државниот секретар на САД, Џон Кери повика да бидат повикани кон одговорност виновниците за „бруталните злосторства против човештвото“ - убиството на 8.000 босански муслимани во 1995 година.

„Ние мораме да ги запомниме жртвите од Сребреница и сите жртви на војната - не само денес, секогаш“, посочил Кери во специјално соопштение.

Шефот на американската дипломатија не ги спомена овие настани како „геноцид“, иако Вашингтон го утврди токму на овој начин. Сепак, Советот за безбедност на ОН во средата не успеа да ја усвои резолуција. Во документот подготвен од Велика Британија, во коавторство со САД, доби 10 гласа „за“, но Русија, како постојана членка на Советот за безбедност стави вето. Друга постојана членка на Советот за безбедност - Кина, како и Венецуела, Ангола и Нигерија, се воздржаа од гласање.

Комеморативните настани посветени на трагичните настани во Сребреница, каде за време на војната беа убиени 8.000 босански муслимани, ќе се одржат на 11-ти јули.

Според меѓународната заедница, околу 8.000 муслимани биле убиени во Сребреница во јули 1995 година, во операција на армијата на босанските Срби, предводена од генерал Ратко Младиќ.

Тогаш повеќе од 30 илјади луѓе биле депортирани. Опсада на Сребреница и последователните масовни егзекуции на машкиот дел од населението на градот се смета за еден од најкрвавите епизоди од војната во Босна и Херцеговина. Тие убиства се дефинирани како „геноцид“ од меѓународната правда, но босанските Срби раководители ја одбиваат оваа формулација, и сметаат дека таква резолуција ќе ја раздвои уште земјата.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен