Добивај вести на Viber
Сојузот на стопански комори на Македонија, потпиша меморандум за соработка со Унгарската комора за трговија и индустрија (HCCI). Двете комори го лоцираа потенцијалот во земјоделството и туризмот како сектори кои во најголем дел ќе придонесат за зголемување на трговската размена меѓу двете земји.
На средбата претседателот на Туристичко Угостителската Комора при Сојуз на стопански комори на Македонија,
Аркан Керим и претседателот на Унгарска комора за трговија и индустрија,
Ласло Параг констатираа дека се големи можностите за повисоки форми на соработка, како заеднички вложувања и настапи во трети земји на меѓународни тендери, заедничко финансирање на производството, реализација на потенцијални развојни проекти, како и обука на кадри за следење на новите технологии.
Исто така, се дискутираше за трансфер на know how за искористување на средствата од Европската Унија од програмите Косме и Хоризон 2020, како и споделување на искуство во подготвување на проекти и заеднички инвестиции за ИПАРД програмите во агробизнисот.
Делегацијата на Сојузот на стопански комори на Македонија во рамки на официјалната посета на Будимпешта, оствари средби и со официјални претставници од Министерството за економија, од секторот туризам.
Вкупната трговска размена меѓу Македонија и Унгарија годишно е над 100 милиони американски долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: