Кили не сака да му фаќа сеир на Груевски
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2018 14:11
Актерот Кирил Поп-Христов ја замени улогата на бегалец со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, но засега тој не сака да дава нови изјави, откако во порталот „Улица“ вели дека сака да живее спокоен живот. Не е расположен за давање интервјуа и во моментов е во Австрија, иако непосредно по враќато од својот престој во Јужна Америка беше расположен за изјави и за критика на претходната Влада.
Популарниот Кили беше критичар на автократските политики на претходната власт додека премиер беше Никола Груевски. Беше осуден на затворска казна за одгледување на канабис, а потоа во 2014 одлучи дека не сака да живее во земја со „реакционерна“ власт и со сопругата Гордана Деан Поп Христова и ќерката „избега“ од Македонија и се пресели во градчето Олон, Еквадор, во Јужна Америка.
Се врати пред повеќе од една година откако се формира нова влада во Македонија, а во меѓувреме „неговиот“ непријател Груевски беше осуден на две години казна затвор за случајот „Тенк“. Минатиот месец Груевски непосредно пред крајниот рок да се пријави за отслужување на казната избега од Македонија во Унгарија, каде што доби азил.
Засега нема коментар од Кили за замената на улогите, кои се случија за неколку години.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




