Кина и Бугарија ќе ја зголемуваат економската соработка
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2014 11:43
Бугарската бизнис делегација во Пекинг ја предводи бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, кој најави дека Кина и Бугарија ќе работат на проширувањето на трговската размена и имаат за цел во следните пет години истата двојно да ја зголемат. На оваа тема тој разговарал и со неговиот кинески колега Кси Џинпинг.
„Веруваме дека Бугарија може и ќе биде врата за кинеските производи, производство, технологии и услуги во ЕУ“, рече бугарскиот претседател.
Стоковата размена меѓу Софија и Пекинг се зголемила за четири пати во последните десет години, а бугарскиот извоз кон оваа азиска земја е двојно зголемен во 2012-та година во однос на 2011-та година.Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




