Кина и Турција со најголем извоз од Франција до 2030 година
Објавено во: Свет 28 Февруари, 2013 16:35
Кина ќе стане втора, а Турција петта држава по обем на францускиот извоз до 2030 година. Во најновиот тримесечен извештај за меѓународната трговија на британската банка ХСБЦ, се проценува дека франуцскиот извоз во Кина до 2030 година во просек на годишно ниво ќе расте девет отсто, пред се благодарение на аеронаутиката, хемиската и фармацевтската индустрија.
Францускиот извоз и во 2030 година најмногу ќе зависи од Германија во која минатата година е пласирана француска стока во вредност од 71 милијарди евра.
Велика Британија тогаш ќе биде третиот најголем трговски партнер на Франција во поглед на извозот.
Извозот на Франција во Кина меѓу 2012-2012 е зголемен за 36 отсто, а увозот за 10,8 отсто.
Се проценува дека вредноста на францускиот извоз во Кина во периодот од 2010 и 2012 изнесувал околу 11 до 15 милијарди евра, што Кина ја става во осмиот најголем пазар во поглед на пласманот на француската стока.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




