Добивај вести на Viber
Изградбата на нов аеродорм во Пекин започна во светло на растечката побарувачка на патувања во Кина и од неа, која ги надминува постоечките капацитети.
Сегашниот меѓународен аеродром во Пекинг е втор во светот по бројот на патници, зад меѓународниот аеродром во Атланта, но исто така е еден од оние кои бележат најмногу доцнења на летовите, иако според извештајот од 2013 година помалку од 20 одсто од авионите полетале според редот на летање, пренесува Франс прес.
Околу 42 одсто летови од Пекинг минатата година доцнеле 45 минути или повеќе.
Новиот аеродром, на југот на кинеската престолнина, ќе има капацитет од 72 милиони патници годишно до 2025, наведува кинеската агенција Синуха.
Изградбата на аеродромот ќе чини 80 милијарди јуани (13 милијарди долари) и ќе биде завршена за пет години.
Произведувачот на авиони Ербас прогнозира дека Кина во 2023 година ќе ги пристигне САД како најголем светски пазар по бројот на патници во домашниот авио-сообраќај.