Кина ќе ги интензивира економските врски со земјите од Јужна Америка
Објавено во: Свет 06 Јуни, 2013
Кинескиот претседатател Сји Џинпинг изјави дека Јужна Америка доживеала златен век и побара интензивирање на економските врски меѓу Кина и земјите од тој континент.
Сји е на посета во Мексико, како дел од турнејата низ земјите од Јужна Америка.
Пекинг во последните години развива активна трговска политика и политика на инвестиции во Јужна Америка.
- Од 2016 година Кина ќе го заземе местото на Европската унија како втор најголем пазар за извоз од Јужна Америка, истакна Економската комисија за Јужна Америка и Карибите.
Сји пред мексиканскиот Сенат изрази уверување дека кинеската економија ќе го задржи својот брз ритам на раст. Тој наведе дека Кина ќе инвестира повеќе од 500 милијарди долари во следните пет години во странство
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.