18 Декември, 2025
0.0444

Кина: Кризата ќе го урне доларот, потребна е нова светска валута

Објавено во: Свет 25 Февруари, 2013 11:56

Добивај вести на Viber

Растот на нивото на јавниот долг во развиените економии ја придвижи кризата што се заканува да го урне доларот и другите големи валути, а овие земји предизвикуваат „валутна криза“ на тој начин што уште од финансиката криза од 2008 и 2009 година се обидуваат да ги придвижат своите економии со помош на лабавата монетарна политика.

Ова го предупредува кинеската  бонитетна агенција „Дагонг глобал кредит рејтинг“, пренесуваат француските медиуми. „Светот се поактивно ќе ја бара новата глобална валута место доларот, еврото, јенот и фунтата, како замена во постојниот меѓународен валутен систем“, се наведува во извештајот на „Дагонг“.

Кинескиот јуан во извештајот на агенцијата не се споменува како алтернатива, но се наведува дека Кина заради добрите економски основи и се поголемото влијание во светот, е во добра позиција да ја игра водечката улога.

Агенцијата наведува дека напорите на Кина и другите економии со забрзан раст да ја стимулираат домашната побарувачка, значат дека тие земји ќе ја имаат главната улога во заштитата на финансискиот систем.

Децениите реформи и силен економски раст ја направија Кина втората по големина светска економија, но нејзината валута, заради строгата контрола на пазарот на капитал, не играше значајна улога надвор од границите на земјата. Тоа, меѓутоа, постепено се менува, бидејќи Пекинг ги намалува рестрикциите со цел да се зајакне меѓународната улога на јуанот.

Кина и Јапонија минатата година почнаа со директна размена на јунаот и јенот

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина