29 Јуни, 2024
0.0265

Кина повеќе не е рај за странските фирми

Објавено во: Свет 04 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Животот е се потежок за странските компании во Кина, а оние кои сакаат да останат, ќе треба да се прилагодат, оценува лондонски "Економист". Според зборовите на починатиот Роберт Гозет, поранешниот шеф на Кока Кола, денот 15. април во 1981 година. беше "еден од најважните денови во историјата на светот". На тој датум, е отворена првата фабрика на Кока Кола во Кина по комунистичката револуција. Аргументот е малку претеран, но не целосно апсурден. Катастрофалната политика на Мао Це Тунг ја остави кинеската економија во урнатини. Врв на популарната аспирации од тоа време биле "четири нешта кои се вртат во круг": велосипеди, машини за шиење, вентилатори и часовници. Топлото „Добредојде“ кое Денг Ксијаопинг, наследникот на Мао Це Тунг, им го даде на странските компании, беше дел од серијата промени кои ја претворија Кина во еден од најголемите и најбрзо растечките пазари во светот. Во последните три децении, голем број мултинационални компании се собраа во Кина, а по избивањето на глобалната финансиска криза, многу компании го видоа кинескиот пазар како спас од рецесијата. Сега, сепак, се чини дека времето на "златна треска" поминува бавно. На некој начин, кинескиот пазар се уште е најатрактивен за странските компании. Иако сочинува само осум отсто од глобалната лична потрошувачка, придонесува за растот на продажбата повеќе од која било друга земја. Така, компаниите како ГМ и Епл, најголемиот профит во последните две години го остварија токму на кинескиот пазар. Но, за многу странски компании, работите се всушност се потешки. Ова е делумно поради кинескиот економски раст кој забавува, а од друга страна трошоците растат. Се потешко е да се најдат талентирани млади работници, а трошоците за платите се вивнати до небото. Кинеската влада секогаш им го загорчувала животот на странските компании од некои сектори, па така, помеѓу останатото, го ограничувала пристапот на пазарот на странски банки и брокерски куќи, и блокирала интернт компании, вклучувајќи ги и Фејсбук и Твитер. Сега се чини дека таков третман се шири и на други фирми. Информатичките компании, како што се Сиско, ИБМ, и Квлаком, се соочени со рестрикции, по аферата со Сноуден, фармацевтската компанија, Глаксо Смит Клсјн е под истрага за корупција, Епл беше принуден на понижувачко извинување поради давање на несоодветни гаранции, а Старбакс е обвинет од страна на државните медиуми за нарушување на пазарната конкуренција. Нов удар на мултинационалните компании ќе им донесе новиот закон за заштита на потрошувачите, кој стапува на сила во март. И владината борба против екстравагантната потрошувачка на службениците, негатовно ќе се одрази на работењето на фирмите кои продаваат луксузна роба. Покрај тоа, се посилна е конкуренцијата која доаѓа од страна на кинеските компании. Кина стана најжестоко бојно поле на глобалните брендови, но и на домашните фирми, кои долго заостануваа по квалитетот, а кои влегуваат во борба. Кинеските потрошувачи повеќе не се подготвени да платат голема премија само затоа што станува збор за странски бренд. Поради се потешките услови за работа, некои од компаниите веќе го напуштаат кинескиот пазар. Ревлон во декември најави целосно повелкување. Лореал набрзо потоа објави дека ќе престане да продава еден од своите главни брендови, Гарниер. Оние кои остануваат во Кина ќе мора да ја прилагодат својата работа, ако сакаат да опстанат.  Кина се уште е атрактивна за работа, но да напредуваат можат само фирми кои можат да поттикнат продуктивност, да го подобрат управувањето и да одговорат на ликалните вкусови. Златните години, дефинитивно се минато.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Бајден по дебатата со Трамп: „Знам дека не сум момче. Влогот е превисок“

Бајден по дебатата со Трамп: „Знам дека не сум момче. Влогот е превисок“

ИМА 1.5 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Норвежанец направи туристичка реклама во која вели „Дојдете во Осло, без врска е“

ИМА 1.5 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Норвежанец направи туристичка реклама во која вели „Дојдете во Осло, без врска е“

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ЊУ ДЕЛХИ: Се урна покривот на најголемиот аеродром, метален столб паднал врз такси, има мртви (ФОТО/ВИДЕО)

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ЊУ ДЕЛХИ: Се урна покривот на најголемиот аеродром, метален столб паднал врз такси, има мртви (ФОТО/ВИДЕО)

„ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВАМЕ КАКО ДЕЦА“: најбизарниот момент од дебатата Бајден-Трамп „Mоже да одиме на голф ако сам ја носиш торбата“ (ВИДЕО)

„ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВАМЕ КАКО ДЕЦА“: најбизарниот момент од дебатата Бајден-Трамп „Mоже да одиме на голф ако сам ја носиш торбата“ (ВИДЕО)

ОСУМ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ДОБИВАЊЕ ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Новиот закон стапи на сила вчера, еве што точно се смени

ОСУМ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ДОБИВАЊЕ ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Новиот закон стапи на сила вчера, еве што точно се смени

TРЕТА ГОДИНА ПО РЕД: Ова е најдобриот град за живеење во светот

TРЕТА ГОДИНА ПО РЕД: Ова е најдобриот град за живеење во светот

(ВИДЕО) МИНЕСОТА: Куќа падна во река и исчезна за миг

(ВИДЕО) МИНЕСОТА: Куќа падна во река и исчезна за миг

БРАКOT НА КАЈТ И ВИЛИЈАМ НА ТЕСТ: последната фотографија ја открива нивната поврзаност по повеќемесечната борба на принцезата со ракот

БРАКOT НА КАЈТ И ВИЛИЈАМ НА ТЕСТ: последната фотографија ја открива нивната поврзаност по повеќемесечната борба на принцезата со ракот

ЧЕЛИЧНАТА ДАМА НА ЕВРОПА ОД РУСКА ПОТЕРНИЦА: Која е Каја Калас, новиот висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ?

ЧЕЛИЧНАТА ДАМА НА ЕВРОПА ОД РУСКА ПОТЕРНИЦА: Која е Каја Калас, новиот висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ?