06 Јули, 2024
0.0372

Кинеските акции вратија дел од своите позиции

Објавено во: Свет 27 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Кинеските акции затворија со околу 5% повисоки вредности по огромните загуби претходно оваа недела, кога ги потресоа пазарите низ целиот свет.

Индексот на „Shanghai Composite“ се зголеми за 156.3 поени до 3083.59.

Промената се уште не е доволна за да се компензираат загубите од понеделникот и вторникот.

Акциите на другите места во Азија исто така се зголемија по напорите на Волстрит во средата, кој го постигна својот најголем раст од четири години.

Во Европа берзите исто така се зголемија во почетокот на трговијата. „FTSE 100“ се зголеми за околу 2%, а слична беше ситуацијата и на главните индекси во Париз и Франкфурт.

Зголемувањето дојде по забелешката од Федералните резерви на САД дека предвиденото за септември зголемување на основната каматна стапка е многу веројатно да биде одложено.

Индексот во Хонгконг „Hang Seng“ се зголеми за 2,5% до 21 613.48 поени. Најголемиот пазар во регионот, јапонскиот „Nikkei 225“, ја заврши трговијата со раст од 1,1% до 18 574.44. Јужнокорејскиот „Kospi“ исто се покачи втор ден по ред, и забележува раст од 0,7% до 1908.0 поени. Австралискиот индекс „S & P / ASX 200“ го заврши денот со раст од 1,2% до 5238.70 поени.

Загриженоста за забавувањето на економскиот раст на Кина се зголемува по месеци на лоши економски податоци, од кои последните  беа објавени минатиот петок.

Европските акции исто така се зголемија во четвртокот, поттикнати од профитот на азиските и американските пазари.

„FTSEurofirst 300“, кој беше намален за 1.9% во средата, забележа раст од 2,5%, а „Euro STOXX 50“ се зголеми за 2,4%.

Франкфуртската „DAX“ придодаде 2.74 отсто до 10 271,33 поени на почетокот на седницата без особени економски вести од Германија.

Во Париз „ЦАЦ 40“ се зголеми за 2.47 отсто до 4612,27 поени по вчерашниот пад од 1,40 отсто под влијание на стравувањата за кинеската економија.

Можеби ќе ве интересира

ЛУЃЕ ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ОТКАЖАТ ЛЕТОВИТЕ: Сѐ помалку им веруваат на авиокомпаниите, еве кој е главниот виновник за овој колапс

ЛУЃЕ ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ОТКАЖАТ ЛЕТОВИТЕ: Сѐ помалку им веруваат на авиокомпаниите, еве кој е главниот виновник за овој колапс

УРНЕБЕСНО! МАРК ЦУКЕРБЕРГ ПИЕ ПИВО И СУРФА, ИЛОН МАСК ПРИГОВАРА: „Преферирам да работам“- еве како го прославија 4 јули

УРНЕБЕСНО! МАРК ЦУКЕРБЕРГ ПИЕ ПИВО И СУРФА, ИЛОН МАСК ПРИГОВАРА: „Преферирам да работам“- еве како го прославија 4 јули

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Зошто ураганите стануваат поуништувачки и поопасни?

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Зошто ураганите стануваат поуништувачки и поопасни?

ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание

ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание

ДВЕ ЛИЦА СЕ ИСКАСАНИ: Ајкула нападна луѓе во Тексас

ДВЕ ЛИЦА СЕ ИСКАСАНИ: Ајкула нападна луѓе во Тексас

ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи

ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Орбан ја даде првата изјава од Москва: Од фотелја не се постигнува мир

Орбан ја даде првата изјава од Москва: Од фотелја не се постигнува мир