Kинески конзументи од Анхуи ќе уживаат во вкусот на македонските вина
Објавено во: Агробизнис 13 Септември, 2013 11:13
Македонските вина од пет винарии од денеска се презентираат на саемот што се одржува во Хефеи, главниот град на кинеската провинција Анхуи.
Саемот претставува можност за промоција на вината на Тиквеш, Сковин, Далвина, Дудин и Еземит пред 80 милионскиот пазар на оваа кинеска провинција.
Македонската делегација предводена од државниот советник во Министерството за земјоделство Перица Ивановски веќе оствари повеќе средби. На состаноците со помошникот министер на кинеското Министерство за земјоделство Нуи Дун, гувернерот на провинцијата Анхуи, Ванг Ксуејун и генералниот секретар на кинеската асоцијација на увозници и извозници на вино CAWS, Ванг Ксувеи е договорено да се преземат нови иницијативи за продлабочување на соработката и подобрување на маркетингот на македонското вино на кинескиот пазар.
Активностите на овој саем се втора од трите планирани манифестации за годинава кои се предвидени во програмата на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за организирано претставување на македонските вина на кинескиот пазар
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





