20 Декември, 2025
0.0353

Кинезите утврдија: Каналот Дунав-Морава-Вардар е економски оправдан

Објавено во: Балкан 25 Септември, 2013 09:44

Добивај вести на Viber

Кинеските прелиминарни резултати за студијата за каналот Дунав-Морава-Вардар покажале дека неговата изградба е економски оправдана, информираа од Агенцијата за просторно планирање на Република Србија. Вршителот на должноста на директор во Агенцијата, Драган Дункиќ, најавил дека кинеските стручњаци за неколку недели би требало до Владата на Србија да ги достават официјалните резултати од оваа студија. - Претседателот Томислав Николиќ при неодамнешната посета на Кина добил од домашните тимови краток извод од студијата за оправданоста за каналот Морава, на кои работи кинеската компанија „Чајна гезуба корпорејшн“. За период од неколку недели ќе биде доставена оваа студија - изјавил Дункиќ, на економскиот собир за „Дунав река за соработка“. Според прелиминарната студија, изградбата на каналот би чинела неспоредливо помалку од тоа што се проценуваше и со чии бројки се лицитираше, изјавил Дункиќ. Претходните процени беа дека каналот би чинел 10 до 15 милијарди евра само са Србија, а изградбата би била со издавање под концесија. Како што пишуваше Фактор, претставници на кинеските компании од пред шест месеци почнаа да собираат податоци за изработка на студија за оправданоста на изградбата на Каналот Морава. Оценките на некои македонски експерти се дека изградбата на пловниот канал Дунав-Морава-Вардар-Солун ќе поплави три населби во јужниот дел на Македонија, а ќе предизвика и големи ходрогеолошки и миграциони промени. „Пред да реши да се вклучи во неговата реализација македонската влада треба сериозно да ги разгледа позитивните и негативните ефекти на овој мега проект“, вели во интервју за српска Политика, Љупчо Петковски, раководител на Катедрата за хидротехнички објекти, на Градежниот факултет во Скопје. Cпоред анализата на професорот, проектот ќе ги промени хидрогеолошките услови во одредени региони, така што во гевгелиско-валандовскиот регион наводнувањето би требало да биде заменето со одводнување. Целата анализа прочитајте ја тука.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација