19 Декември, 2025
0.0633

Кипар се надева дека туризмот ќе го извлече од криза

Објавено во: Балкан 14 Јуни, 2013 11:48

Добивај вести на Viber

Кипар се претвори во евтина летна атрактивна дестинација за туристите,откако кипарскиот банкарски сектор доживеа голем удар, повлекувајќи ја со себе земјата во рецесија. На плажата Афродита, каде по легендата божицата на љубовта се родила од морската пена, туристите уживаат на сонцето и во капењето во чистите води на источниот Медитеран. -Овде доаѓав повеќе пати и кризата ништо не променила“, рекол 55-годишниот Џон, консултант од Велика Британија. -Само што овој пат понесов повеќе пари. Но, морам да признаам дека рестораните се се’ повеќе празни“, додал тој. Откако во март кипарските банки беа затворени 12 дена, што предизвика огромни редици на банкоматите, кипарската влада сега се одлучи да се фокусира на туризмот, кој долго време носеше голем прилив на средства. Во рамки на тоа, владата вети дека ќе го одржи во живот авио превозникот Сајпрус ервејс со крајот на сезоната. -Изненадува фактот што оваа сезона започна многу подобро од минатата година, но луѓето сега имаат поскромен буџет“, рекол Јоргос Николау, 48-годишен сопственик на хотел во Ларнаки. Секторот туризам е од клучно значење за Кипар, бидејќи минатата година 2,46 милиони туристи донеле прилив на средства во висина од 1,92 милијарди евра, што е 10,5 отсто од вредноста на бруто домашниот производ на земјата.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен