Добивај вести на Viber
Министрите и високите државни функционери на Кипар, како и останатите обични граѓани, се најдоа на удар на финансиската криза во земјата, изјави кипарскиот министер за финансии, Харис Георгијадис.
За да ги потврди своите зборови, тој ја покажа пресметката од својата плата за минатиот месец, на која се гледа дека добил 4.366 евра, наместо дотогашниот личен доход од 8.291 евро.
- Платите на министрите се намалени за околу 40 отсто. Јавно ја покажувам пресметката од мојата плата, за да докажам дека доходите не ни се останати без измени, истакна Георгијадис.
Образложувајќи ја својата постапка, министерот нагласил дека на овој начин сакал да ги демантира информациите во весникот „Политис“ дека министерските плати останале „нечепнати“ во предлог-буџетот за 2014 година.