Кирил Петков сепак не доаѓа во Скопје
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2022 10:10
Бугарскиот премиер Кирил Петков нема наскоро да го посети Скопје.
Ова го изјави шефицата на кабинетот на премиерот на Бугарија, Лена Бориславова, цитирана од БГНЕС.
„Скора посета нема да има, бидејќи немаме документ на кој можеме да работиме на Договорот за добрососедство, така што како што вчера потврди македонската страна, меѓувладината конференција се одложува додека не видиме чекори поврзани со исполнување на критериумите, со разбирање и со дејствија кои докажуваат дека ќе има борба против дискриминацијата на бугарското етничко малцинство“, изјави Бориславова за БНТ.
Нема да има заедничка владина конференција со Бугарија, а премиерот Димитар Ковачевски вели дека нема усогласено решение за договор.
На 22 мај нема да има заедничка владина конференција со Бугарија од причина што агендите не го дозволуваат тоа.Поранешниот лидер на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, кој е и поранешен вицепремиер на Бугарија за „Тајмс.бг“ изјави дека премиерот Кирил Петков ќе изврши национално предавство на 24 мај.
Сепак, Петков негираше дека било каков договор или документ ќе потпишува со македонската Влада.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




